jajca12

Сигурно после Велигденските празници, и во Вашиот дом има многу скршени велигденски јајца и не знаете што да направите со нив. Но, најдобро би било да ги изедете. Можете да ги изедете за појадок, за вечера, можете да ги ставите во ролат од месо или од нив да направите салата… Изборот е навистина голем, а за дополнително да ве убедиме, ќе ви дадеме пет здравствени причини за да ги изедете овие јајца. Секако, не претерувајте.

Иако долго време јајцата имаа лоша репутација како намирница која го покачува холестеролот, бројни релевантни истражувања покажале дека умереното консумирање на јајца нема да има лошо влијание врз вашето срце. Ова се пет причини зошто јајцата треба да се користат во секојдневната исхрана.

Консумацијата најајца е поврзана со раѓањето на здрави бебиња -Јајцата се задолжителен дел од исхраната на секоја бремена жена, бидејќи тие се богати сохолин и Б-витамин,које неопходен за развојот на мозокот на бебето.Холинот влијае и на намалувањето на ризикот одментални нарушувања кај бебињата- конкретно го намалува ризикот од појавата на Даунов синдром и деменција.

Јајцата помагаат да ја ублажите гладта-Ако имате високо-протеински појадок наутро, ќе имате помалку потреба да јадете нешто по седум часотво вечерните часови.Чувството на ситост ќе ве следи во текот на целиот ден. Ако стена диета, имајте го ова на ум.

Јајцата ги подобруваат рефлексите-Тирозинот,аминокиселината која се наоѓа во јајцата ги зголемува рефлексите,тврди една нова студија.”Тирозин ефектот”може да ви помогне и во секојдневните ненадејни ситуации, како на пример додека возите.

Јајцатаго намалува ризикот одпојава на рак -Антиоксидансите во јајцата го намалува ризикот од појавата на рак и кардиоваскуларни заболувања, две болестикои за жал имаат фатален исход во Македонија.Иако со варењето на јајцата се намалува бројот на антиоксиданси на половина,остатокот може да го добиете со консумација на јаболки.

Јајцата го намалуваат крвниот притисок–Протеините во јајцата можат да помогнат во намалување на крвниот притисок така што дејствуваат како инхибитор,сличен на оној кој се содржи во лековите за намалување на притисокот. Со намалување на крвниот притисок, се намалуваат и шансите за добивање на кардиоваскуларни заболувања.

Јајца не морате да ги консумирате исклучиво за појадок. Можете да сварите неколку во утринските часови ида ги јадете во текот на денот. Тие се одлично гориво што треба да го внесувате пред трчање. Но,внимавајте да не претерате со јајцата,балансирајте го нивното внесување со внесување на многу зеленчуки овошје.