Се чини дека носењето брада е повторно ИН, па можеме да забележиме дека сега брада носат и многу познати личности, од фудбалери и глумци, до познати пејачи. Се чини дека овој имиџ го прифаќаат се повеќе мажи. И додека се чини дека жените не обожуваат премногу кога мажот има брада, бидејќи таа ги гребе, во продолжение се неколку аргументи за брадата со кои можете да се одбраните пред понежниот пол.

Заштита од сонце

Брадата му пружа на лицето поголема заштита од сонцето и нуди превенција од рак на кожата, покажаа резултатите од бројните истражувања направени во многу земји во светот. Деловите од лицето прекриени со влакна, имаат за една третина помала изложеност на штетните УВ зраци од областите без влакна. И густината на влакната игра улога, како заштитен фактор, бидејќи што е подебело влакното толку е поголем заштитниот фактор. Друга теорија, пак, тврди дека витканите влакна ги раскршуваат зраците кои патуваат праволиниски, што значи дека кога сончевиот зрак доаѓа до виткано влакно, тој се одбива и ретко стигнува до кожата.

Може да спречи напад на астма

Мажите кои страдаат од астма заради полен и прашина, може да имаат корист од мустаќите бидејќи тие ги намалуваат симптомите . Мустаќите кои се спојуваат со влакната од носот може да спречат продирање на алергиите во ноздрите и градниот кош. Некои експерти, меѓутоа тврдат дека на овој начин може дури и да се спречи навлегувањето на поленот во организмот, но не и прашината која ја создават мискрочестиците.

Се забавува процесот на стареењето

Влакната на лицето со текот на времето можат да и овозможат на кожата да остане млада и во добра состојба. Влакната ја спречуваат водата да испари од кожата, при што на тој начин се одржува нејзината влажност и се штити од ветрот кој ја суши и го нагризува заштитниот слој на кожата. Ако ја намачкате со хидратантна крема, таа подолго ќе се задржи на брадата и мустаќите, отколку на меката кожа.

Помага кај несоницата

Густата брада на вратот ја зголемува температурата на вратот и помага во случај на несоница. Влакната имаат улога на изолатори и затоплуваат. Кога ве боли грлото, телото ја зголемува температурата за да ги убие вирусите. Влакната во подрачјето на вратот и образите обезбедуваат дополнителен заштитен слој.

Се спречува исфрлање на лицето

Кога нема бричење, го нема ни неугодното исфрлање и алергии на лицето. Бричењето е најчестата причина за појава на алергиски инфекции во долниот дел на лицето, а може да доведе до разни исеченици и појава на многубројни поткожни влакна.

Но лошата вест е дека….

Научниците докажале дека брадата може да шири инфекции. Затоа е многу важно мажите кои имаат брада, редовно да ја одржуваат, за кожата под брадата да не биде зафатена од разни воспаленија и разни бактерии. Исто така, личностите со долга брада, треба редовно да проверуваат дали во нејзе нема остатоци од храна.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.