Кога ќе дојдат оние денови во месецот, многу жени само сакаат да се склопчат под ќебе и да гледаат телевизија, зашто тогаш се чувствуваат уморно, безволни се и имаат грчеви. Секако не можете да ги одбегнете сите непријатни симптоми кои ја следат менструацијата, но можеби можете малку да ги ублажите болките, еве што придонесува за грчевите во текот на оние денови.

 

Одредени вежби

 

Сериозен, напорен тренинг со висок интензитет нема да ви годи. Но, полесни вежби ќе направат да се чувствувате подобро.

 

  • Дури и ако не сте расположени за еден час вежбање, трчање на лента или за вежби за сила, тренинг со послаб интензитет, вежби како јога или пилатес ќе ги ублажат болките – вели гинекологот доктор Рејчел Хај.

 

 

Алкохол и слатки

 

Иако најверојатно имате засилена желба за слатки за време на менструацијата, имајте предвид дека може да се случи слаткото да ви ги засили непријатните симптоми.

 

  • Препорачливо е да се намали консумирањето на алкохол и слатки за време на менструацијата, бидејќи предизвикуваат нагло зголемување на нивото на шеќер во крвта, можат да доведат до надуеност и да го зголемат чувството на замор – вели доктор Старла Гарсија, нутриционист од Хјустон, САД.

 

 

Кофеин

 

Кофеинот делува како диуретик и во големи количини може да доведе до дехидратација на организмот – вели доктор Хај. – Бидејќи е стимуланс, може да ги иритира мускулите на матката и да предизвика грчеви. Ако внесувате помала количина кофеин, ќе ги намалите и болките за време на менструацијата.

 

 

 

Стрес

 

Стресот нема да ги зголеми болките, но дефинитивно ќе влијае на промените на расположението, кои се чест следбеник на циклусот. Не можете целосно да се ,,исклучите,, но можете да одвоите малку време за себе во текот натие денови и да се занимавате со нешто што ве опушта.

 

 

Прескокнување на оброците

 

Ако имате малку мачнини за време на менструацијата, обидете се почесто да имате оброци, но во помали количини.

 

  • Гледајте да не поминат часови без ништо да имате ставено во ста, зашто така само ќе го зголемите проблемот – зголеменото лачење желудочна киселина која ќе ја засили мачнината – вели доктор Гарсија. – Почестите, а помали оброци во текот на денот ќе го оддржуваат нивото на шеќер во крвта стабилно, па ќе имате повеќе енергија и сила.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина