Аспиринот (ацетилсалицилна киселина) е еден од најпопуларните лекови на денешницата. Не само што ја снижува температурата и намалува воспаленија и болки, туку тој се применува и како превентивно средство во случај на кардиоваскуларни заболувања, поради тоа што има способност да ја разредува крвта и спречува да дојде до развој на тромбоза. За жал, тој има и одредени несакани дејства. Имено, аспиринот може да предизвика внатрешни крварења (како последица на постоење чир на желудникот) и да ја раздразни слузокожата. Но, најопасна е алергиската реакција, која се нарекува „аспиринска астма“.  Ваков вид респираторна алергија, освен од аспирин во било кој облик (таблети, прашоци, комбинирани препарати против настинка), може да биде прдизвикана и од други лекови и препарати.

 

Ова е списокот на предизвикувачи на овој вид астма:
  • Препарати кои во својот состав имаат аналгин, амнопирин, пропифеназон.
  • Нестероидни противоспалителни препарати и средства кои ги содржат.
  •  Татразин (E102) – жолтата боја коа често им се додава на таблетите, кондиторските производи, бонбоните, мармаладите и напитоците. Внимателно читајте ги етикетите и одбегнувајте индустриски производи со жолта боја.
  • Од народните препарати потполно е контраиндицирана кората на врбата.
  •  Овошје (посебно бобинките) и зеленчукот кој е богат со природни салицилати, како шо се портокалите, грејпфрутот, грозјето, праските, капините, малините, јагодите, вишните, црните рибизли, вишните, црните рибизли, сувите сливи, бадемите, доматите и благите пиперки.
  • Производи кои содржат бои и други додатоци и емулгатори: жолто-портокалова (E110), азорубин (E122), амарант (E123), еритрозин (E127), брилијатно црна (E151), конзерванси (E210–227), антиоксиданси (E321).
  • Сите полуготови производи и колбаси, спакувани зачини, брза храна, супи во коцка или од кеса, конзервии газирани пијалоци, млечни производи со додатоци, намази и маргарини.
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина