Знаете ли што е холистичка масажа?
Холистичката масажа преставува древен, индивидуален третман кој е специјално креиран за секој клиент. Таа е посебно фокусирана на емоционалната и духовната благосостојба, а подеднакво влијае на слободување на токсините од телото и на смирување на болките во грбот.
Техниката на холистичката масажа се користела илјадници години во Египет, Кина и Индија. Ајурведата, древен исцелителски третман, го комбинира овој вид на масажа со растителните екстракти, зачини и ароматични масла.
Холистичката масажа е поим кој се користи во современата и алтернативна медицина за да се објасни секој терапевтски, исцелителски или личен развој. Таа комбинира различни стилови, кои врвните холистички терапевти ги комбинираат и прилагодуваат на моменталните потреби на клиентот.
Освен холистичките масажи, во кои посебно внимание се посветува на дишењето, постојат и разни мануелни техники – релакс, акупресура, тригер поинт, шиацу и слично.
Што се однесува до бенефитот, освен што смирува, ослободува од замор и напнатост, холистичката масажа го активира парасимпатичкиот нервен систем го забавува работењето на срцето и дишењето. Посебно им се препорачува на оние луѓе кои патат од анкциозност, зголемен крвен притисок и болки во вратот, половината и грбот.