Иако се безопасни, малите израстоци во уста можат да бидат многу болни и непријатни. Чиревите, односно афтите, се јавуваат на внатрешната страна од образите, устата и јазикот, а можат да ја менуваат бојата од бела, црвена, жолта, па се до сива. Најчесто целиот дел околу нив е отечен. Последица се низа мали оштетувања на слузницата, како што е случајно ,,гризнување,, или ранички настанати од протеза или ортодонтски апаратчиња, но може да ги предизвикаат и стресот и хормонски промени или пад на имунитетот. И одредени намирници, како што е силно зачинета храна, чоколада, кафе, кикиритки, бадеми, јагоди, сирење и пченичо брашно, можат да ги преизвикаат. Понекогаш настануваат поради претерана киселина во устата како и поради недостиг на витамините Ц и Б, минералите железо, цинк и други хранливи материи. Ситни ранички предизвикува и храна која е со остра рабови, како што е чипсот, па затоа јадете внимателно.

 

Афтите можете да ги премачкувате и со мед за да ја задржите влагата на слузницата и да го забрзате нивното заздравување, бидејќи медот има антиоксидативни и антимикробни својства. На ист начин можете да користите наместо мед и глицерин или масло со Е витамин. И алое вера ги ублажува болките, го потикнува заздравувањето и делува како антисептик.

 

Ова се само некои од начините со кои може да се одбегне создавањето на овие мали чиреви.

 

Чајот ја неутрализира киселината во устата. Ќе помогне и вреќичка чај, ставена на афтата. Држете ја пет минути. Чајот има алкално дејство и ги неутрализира киселините поради кои афтите болат. За да го забрзате заздравувањето, ставајте на афтите тинктура од растението хидрастис три пати на ден, барем еден час пред јадење.

 

Семе од коријандер. Ова семе е ајурведски лек кој го намалува воспалението. Варете една лажичка семе од коријандер во 2 дл. вода. Процедете го со оладена напивка жабуркајте три или четири пати дневно.

 

Ледот го ублажува пецкањето. Ледот е ефикасен домашен ,,лек,,, бидејќи ја намалува болката во устата. Посебно е корисен кога се става на зафатените делови штом се појават првите симптоми, како што е пецкањето и пред да се појави плитка улцерација.

 

Бактериска инфекција значи дека мора да се оди на доктор. Ако со тек на време болката не се намалува и се поголем дел од устата станува црвен, натечен и болен, тоа би можело да биде знак за бактериска инфекција. Би било добро да посетите доктор, кој ќе ви препише антибиотици.

 

Кога ќе се појават афти, важно е да не се пие од иста чаша. Афтите може да бидат вирусни и да се пренесат. Дури 40% од луѓето забележуваат појава на афти во семејството по бакнување или употреба на иста чаша. Најчесто се јавуваат кај младите на возраст помеѓу 10 и 19 години, но и на постара возраст. Појавата на афти може да биде поврзано и земањето одредени лекови, аспирин или, на пример, лекови за остеопороза.

 

Земајте витамин Ц, но одбегнувајте ги агрумите. Агрумите се изво на витамин Ц, но кај некои луѓе нивната киселост може да предизвика афти. Наместо агруми, земајте 250 милиграми витамини Ц и 250 милиграми флавоноиди три пати на ден.

 

Цинкот ги оздравува раните, а ехинацејата го јакне имунолошкиот систем. Цинкот помага за побзо оздравување на афтите. При првото нивно појавување, земајте по 25 милиграми цинк на ден. Ехинацејата може да го зајакне имунолошкиот систем, па затоа земајте по околу 200 милиграми два или три пати на ден по појавата на афтите.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина