znaci_naslovna

По забележувањето на првите симптоми кои укажуваат на рак, многу пациенти чекаат и по еден месец додека да отидат на лекар. Оние со облици на карцином кои го погодуваат грлото најдолго чекаат, додека најкратко чекаат оние со рак на мочниот меур и бубрезите. Експертите предупредуваат дека одолжувањето на одењето на лекар може да значи игра со животот и смртта.

Жртвите на рак со игнорирање на симптомите и неодењето на лекарски преглед ги намалуваат шансите за преживување.

Иако со итното одење на лекар и брзото воспоставување на дијагноза, ги зголемуваат шансите за излекување,некои луѓе чекаат и по еден месец пред да појдат на лекар, покажале истражувањата.

Постојат стравувања дека некои луѓе не се потполно свесни за знаците за предупредување, на други пак им е премногу срам. Некои пациенти се рамнодушни и мислат дека не им се исплати да се консултираат со лекар.

Велика Британија има една од најлошите стапки на преживување во Европа, а експертите тврдат дека тоа се должи на големото одложување на одењето на лекар.

Типични симптоми кои често се занемаруваат се непрестајната кашлица која може да укаже на рак на белите дробови, или пак воспаленото грло и чиреви кои можат да укажат на рак на грлото, а лугето мислат дека се само настинати. Други симптоми се и губење на тежината и чувството на замор.

Одложувањето на одењето на лекар од само еден месец може сериозно да ја загрози можноста за излекување. Од моментот на лекарската посета и поставувањето на дијагноза, па се до самиот почеток на третманот, може да потрае и до неколку месеци, а за ова време ракот може многу брзо да се прошири и да стане многу тежок за лечење.

Истражувањата на Универзитетот во Кембриџ и Универзитетскиот колеџ во Лондон откриле дека пациентите со ретки видови на рак кои го погодуваат грлото чекаат најдолго.

До овие податоци се дошло преку испитување на 14.000 пациенти болни од рак, во однос на тоа колку чекале од кога ги забележале првите симптоми до посетата на лекар. Просечното време е 10-22 дена кај пациентите со рак на хранопроводот и 30 дена за оние со рак на грлото – и двата видови рак влијаат на грлото.

“Некои симптоми се поочигледни отколку други и затоа е важно да го запознаете вашето тело и она што е нормално за вас ” вели Сара Хиом од британскиот центар за истражување на ракот, која е и иницијатор за спроведување на ова истражување.

Студијата, објавена во списанието „ International Journal of Cancer“, покажала дека оние кои имаат над 75 години побрзо се одлучуваат да побараат лекарска помош од помладите пациенти.

Оние со чести видови на рак исто така побрзо се одлучуваат да побараат помош. Просечното време за барање на лекарска помош во случај на рак на дојка е една недела, а шест дена за пациентите кои страдаат од рак на простата.

Најбрзо реагирале оние кои имале рак на мочниот меур (два дена) и на бубрезите (три дена). Симптомот на овие два вида на рак е доста алармантен – крв во урината-што објаснува зошто не се одложува одлагањето на лекар.

Кралскиот колеџ од Лондон уште пред три години предупреди дека пациентите се премногу рамнодушни кон симптомите на рак, додека две третини чекаат барем една недела пред да појдат на лекар.

Тагови: Здравјерак