Ако опкружувањето во телото е премногу кисело, организмот ќе пати од бројни здравствени проблеми. Штом тeлото ќе стапи во состојба на ацидичност, тоа претставува совршено опкружување за развивање на бројни болести и заболувања, како и субјект на хронично воспаление, кое е главна причина за бројни болести.

 

Преработената храна и модерниот, нездрав начин на исхрана, го оддржуваат телото во константна кисела состојба, па важните минерали се искоренуваат од организмот при обидот да го неутрализираат или намалат присиството на киселост.

 

Тоа е причината поради која многумина патат од остеопороза – бидејќи важните минерали за коските како калциумот, магнезиумот и калиумот, се отстранети од организмот. Кога тие целосно ќе се потрошат, телото станува уште покисело, што доведува до настанок на тешки болести, како што е канцерот.

 

Повеќето меса, млечни производи, соја и житарки се ацидични. Исклучително ацидични се исто така и алкохолот, кафето, рафинираниот шеќер, преработените намирници и засладувачи и маслата кои се генетски модифицирани. Кога се консумира овој тип на намирници и телото ги метаболизира, тоа го собира киселиот отпад, кој би требало да биде неутразилиран и елиминиран. Алкалоидни намирници се оние кои ги неутралиизраат и треба да се консумираат во големи количини.

 

Ова се 20 симптоми од прекумерно киселата состојба на организмот:

 

  • Остеопороза
  • Проблеми со кожата, како акни, егземи, осип и дерматитис од разни видови
  • Дефицит на имунитетот
  • Проблеми со синусите
  • Болка во мускулите и зглобовите
  • Прекумерна слуз
  • Хронична исцрпеност
  • Инфекција на бубрезите и мочниот меур
  • Оштетување на кардиоваскуларнот систем поради ацидични наслаги – ризик од срцев и мозочен удар
  • Невролошки заболувања, како Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест и деменција
  • Дијабетес
  • Болка во градите
  • Кандида и габични инфекција
  • Хронична кашлица
  • Проблеми со стомакот, вклучувајќи надуеност, лошо варење, киселини и гасови
  • Дебелеење
  • Намалена бистрина на умот
  • Алергии
  • Кариес и чувствителни непца
  • Ишијас и здрвеност на вратот

 

Ткивата и течностите во вашето тело се алкалоидни, освен стомачните, другите ткива ги земаат алкализирачките елементи од другите делови од телото и формираат лошо опкружување во деловите каде елементите се одземени. Тоа значи дека кога телото се обидува самостојно да ги регулира своите pH нивои, другите телесни системи ја губат својата адекватна состојба.

 

Од таа причина мораме да му помогнеме на телото при алкализацијата со промена на режимот на исхраната и животните навики. Неколку начини кои можат да ви помогнат да ја намалите киселоста на телото се:

 

Треба да пиете многу вода, со цел да му помогнете на телото да ги исфрли токсините и другите штетни супстанции. Водата со лимон може да помогне да се регилира pH нивото во организмот.

 

Консумирајте повеќе алкализирачки намирници, како мешунки, овошје, зеленчук, јаткасти плодови и семки. Зголемете го вносот на зелен зеленчук, бидејќи тоа е многу алкализирачко. Можете да го консумирате и во облик на салата, зелени сокови и шејкови. Одбегнувајте ацидични намирници или намалете го консумирањето на млечни производи, пецива, месо, кафе, газирани сокови, пуканки, соја, морски плодови, алкохол, засладувачи, светол оцет, пченични производи и риба.

 

Одбегнувајте ГМО храна.

 

Запомнете дека на pH балансот во телото значително влијае вашата емотивна состојба, па затоа треба да научите да го контролирате бесот, стравот, стресот, омразата и зависта. Обидете се да пронајдете нешто што ве опушта, како на пример читање, јога, пливање или медитација.

 

Исклучиво ние сме одговорни за своето здравје, па затоа е важно на телото да му обезбедите најдобри услови за да го оддржите во најдобра состојба и да живеете во здравје и благосостојба. Ако го направите тоа, ќе бидете посреќни и поисполнети со енергија и радост секој ден.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина