После микробите, слободните радикали се најголеми ,,непријатели,, на долгиот живот. Современите антиоксиданси можат да ја продолжат очекуваната старост, но немаат влијание врз максималната животна доба. Затоа тие се сметаат за вистински сојузници на современиот човек. Денес тие се поврзуваат со настанокот на болестите на крвните садови, ракот, болестите на зглобовите и бројни други нарушувања. Кај врвните спортисти, кои се постојано под стрес од интензивните тренинзи, проблемот со слободните радикали е зголемен барем 10 пати во однос на ,,неактивниот,, човек. Токму неодамна се навршија 40 години од настанокот на научната теза дека умираме прерано поради оксидативното оштетување на клетките и ткивата. По тој повод, во САД се одржани низа стручни собири, на кои е постигнат концензус кога се работи за разорното делување на слободните радикали. Денес, поимот ,,слободни радикали,, толку се има одомаќинето, што никој паметен не го доведува под знак прашање, но во далечната 1960 година никој немал поим за тоа. Всушност, од времето на откривање на микробите како причинители на болестите, немало поголемо откритие од поврзаноста на слободните радикали од една и оксидативното пропаѓање на клетките, ткивата и органите од друга страна. Во денешно време постои листа на 50 заболувања, чии причини се поврзуваат со делувањето на слободните радикали, а се претпоставува дека оваа листа ќе се зголеми на 80 заболувања!

Погонско гориво на човекот е кислородот. Клетките на мозокот, на пример, без кислород умираат за неколку минути, па затоа сме присилени постојано да вдишуваме воздух кој просечно содржи 21% кислород. Но, кислородот има и друга своја страна – ако премногу вдишуваме чист воздух може да дојде до интоксикација, што им е добро познато на астронаутите, нуркачите и пациентите на интензивна нега. Масовното делување на слободните радикали кај оние луѓе кои посебно се изложени на нив со право се нарекува оксидациски стрес“, па од тука се извлекува правилото – колку повеќе таков стрес, толку побрзо стареат клетките.

Место на делувањето се чувствителните клеточни мембрани во мозокот и во нервното ткиво, односно нивните масовни компоненти. Намаленото трошење на кислородот е еднакво на продолжување на очекуваната должина на животот. Ако се јаде помалку, помалку се троши кислород и помала е изложеноста на слободните радикали. Постојат силни докази дека рестрикцијата на калориското внесување само за 30% го забавува процесот на стареење кај глувците, додека допрва се прават истражувања на мајмуните. Од ова произлегува дека изложеноста на делувањето на слободните радикали е исто што и интерната радијација. Најдолго би живееле кога би можеле да го забавиме дишењето, а оние кои најбрзо ги снабдуваат своите клетки со кислород, како што се спортистите и некои други луѓе со висок степен на активност, имаат најкус животен век.

Научната и стручна литература е преполна со податоци за деструктивното делување на производите од разложувањето на кислородот. Метаболизмот на кислородот, кој непрекинато трае во живиот организам, ги ослободува постојано, а ние сликовито ги нарекувамеслободни радикали“. Последиците од нив е прерано стареење и откажување на одделни витални функции. А, како настануваат? Тие се пред се последица од голем физички напор кој постојано се повторува (интензивен тренинг), интензивно сончање и зрачење од други видови, силен психички стрес (смрт на драга личност, развод), пушење на повеќе од 10 цигари дневно, често долготрајно летање со трансконтинетални авиони и т.н.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина