„Златната рипка“ – спас за рбетот
Познато е дека треба да го чуваме рбетот. Ако е тој здрав, тогаш е здраво и целото тело. Ова е вежба која го јакне рбетот и која има позитивно влијание врз општата состојба на човекот.
Во што лежи едноставноста на оваа вежба?
Вежбата ,,Златна рипка,, ги доведува во ред нервите кои излегуваат од рбетниот столб и ги ослободува од притисокот. Таа овозможува не само исправување на рбетот, туку и регулирање на физиолошките функции на сите системи и органи, координирање на работата на надворешниот и внатрешниот нервен систем, подобрување во снабдувањето на секоја клетка во организмот со крв, исправување на држењето на телото и зајакнување на циркулацијата на крвта. Освен тоа, се подобрува и функцијата на цревата, црниот дроб, бубрезите, кожата, срцето и мозокот.
За постигнување на максимален ефект, вежбата треба да се изведува наутро и навечер, започнувајќи со по 1 минута и постепено одејќи до 3 минути. Резултатите ќе бидат видливи веќе по неколку дена, а телото ќе ви биде благодарно. Ќе ја засакате оваа вежба.
Вежба „Златна рипка“
Почетна положба: легнете на грб, на рамен под, со лицето свртено нагоре; рацете истегнете ги колку што можете повеќе и ставете ги зад главата. Нозете се целосно исправени, а стапалата се во прав агол во однос на трупот; со ножните прсти цело време тежнејте кон лицето. Петите и бедрата се допрени на подот (посебно потколеничниот дел).
Пред почеток на вежбата истегнете се неколку пати по ред, додека броите до ,,7,, и тоа внимателно, истегнувајќи го рбетот на сите страни: петата од десната нога влечете ја по подот кон напред, додека во исто време со испружени раце се истегнувате во спротивната страна; потоа, направете го истото, но сега на левата страна (левата пета се движи по подот нанапред, а двете раце истовремено го истегнуваат рбетот во спротивната страна, додека повторно броите до ,,7,,). Повторете ја 5 – 7 пати, со секоја пета и со двете раце.
Изведување на вежбата:
Ставете ги дланките под вратните пршлени: свиткајте ги лактите, додека со целото тело сте залепени за подот. Склопчете ги нозете, ножните прсти тежнеат кон лицето и сите ,,испакнатини“ (т.е. тилот, рамењата, карлицата, листовите, петите) треба да се залепени за подот. Од таа положба започнувате со брзо мрдање (вибрирање) на телото од десно кон лево, како риба која плива брзо. Притоа, рбетот треба да биде неподвижен, а само стапалата се придвижуваат од десно кон лево, поставени притоа во прав агол во однос на телото, и исто така и тилот. Замислете дека сте некоја рипка и почнете да вибрирате со опашот, притоа вибрирајќи го целото тело. Оваа вежба треба да се прави од 1-2 минути (или бројте до 120 или 140).
Кога лежиме со исправен рбет на рамна и тврда подлога или на под, истегнувајќи ги максимално врвовите на прстите од нозете, и вибрирајќи го целото тело ту во една ту во друга страна во времетраење од 1 до 2 минути, пумпањето на крвта во вените се зголемува, бидејќи се напрегнуваат мускулите во сите делови од телото, посебно во вените во долните екстремитети, а тоа ја враќа крвта назад во срцето. Притоа се забрзува крвотокот.
На почетокот, ќе биде малку необично, но брзо ќе се навикнете и ќе ја засакате оваа вежба. Вежбата е навистина одлична и веќе за кратко време ќе ги почувствувате сите нејзини благодети.