Златна маска од индија
Дури 91% од корисниците се одушевени од оваа смеса за лице! На пазарот многу ретко може да се најде козметички производ кој има волку високи препораки и оценка 4,5 од 5. Се работи за маска која и дава сјај на кожата и која е пофалена за различни состојби на лицето, а најдобро делува на избелувањето на дамките од мозолки и отстранувањето акни. Веќе по првата примена корисниците забележале поубав изглед на својот тен. Главната состојка на оваа маска е најздравиот зачин во светот – куркумата.
Куркумата илјадници години се користи како третман за убавина во Индија. Традиционалниот обред на разубавување на невестите со куркума се вика “халди” и подразбира премачкување на делови од телото на невестата со паста од куркума, пред венчавката, со цел кожата да и добие прекрасен сјај. Многу одамна, кога Римјаните слушнале за својствата на куркумата во улога на убавината, барале да се достави во Рим и многу брзо таа станала најважниот третман за убавина на Римјанките.
Основната состојка на маската се куркума и јогурт, но во зависност од типот на кожата може да се додадат и мед, свежо цедени сокови, различни растителни масла, алое вера или брашно од цели житарки. Ако ве загрижува жолтилото по нанесување на маската, не грижете се, бидејќи со правилна употреба ќе го снема.
Следат 3 опции во зависност од типот на кожата:
Маска за нормална, комбинирана и кожа со хиперпигментација
Состојки:
-
пола лажичка куркума
-
лажичка јогурт
-
неколку капки сок од лимон
Постапка: Измешајте ги сите состојки и нанесете ги на исчистено лице. Оставете ја маската 30 минути и потоа исплакнете ја. Можете да ја нанесете со подебела четка.
Маска за мрсна и проблематична кожа
Состојки:
-
половина лажичка куркума
- половина лажичка темен мед (најдобро манука или хељда)
-
неколку капки алое вера гел
-
лажичка сурутка или јогурт
Постапка: Измешајте ги овие состојки и нанесете ги на исчистено лице. Оставете ја маската 30 минути и потоа измијте ја.
Маска за сува или зрела кожа
Состојки:
-
половина лажичка куркума
-
лажичка јогурт
- половина лажичка масло по желба (на пример, арганово, кокосово, маслиново, масло од кајсии…)
Постапка: Измешајте ги сите состојки и нанесете ги на исчистено лице. Оставете да делува 30 минути и потоа измијте ја.
Ако ви остане вишок од маските, може да се чуваат во фрижидер до следната употреба. Препорачливи се да се користат на секој 3 дена, а кај проблематична кожа и кожа со хиперпигментација почесто. Се што треба е при миењето лицето добро да се измие со топла вода, тоник или сапун.
Напомена: Смесата со куркума нанесувајте ја навечер, бидејќи таа ја прави кожата чувствителна на сонцето. Иако е сигурна за употреба на кожата, подносливоста на смесата најдобро е пред нанесување да се провери на видлив дел од кожата.