Животни лекции кои ќе ги научите во дваесеттите години
Велат дека вистински животот почнува во триесеттите. Можеби, но учењето на овие животни вистини во текот на дваесеттите претставуваат неповторливи искуства кои се паметат цел живот. Ви се допаѓало или не, еве на што ќе ве научат дваесеттите.
– Често ќе останувате без пари. Прифатете го тоа за да можете што попаметно да заштедите.
– Првиот пат кога ќе се заљубите веројатно нема да биде и последен. Постојат различни видови на љубов и луѓе кои ќе доаѓаат во вашиот живот од различни причини.
– Некои пријателства ќе се распаднат. Можеби некој ќе се пресели или ќе има љубовна врска поради која ќе ги занемари пријателите, што несомнено ќе доведе до тоа патиштата да ви се раздвојат и да се оддалечите. Затоа, искористете го времето за дружење со вашите пријатели на најдобар можен начин и уживајте во сите заеднички моменти.
– Ништо во вашиот живот не е константно. Тоа во исто време може да биде и страшно. Затоа, секогаш бидете подготвени за промени и внесете ја спонтаноста во вашиот живот
– Никогаш нема да изгледате совршено, но секогаш ќе бидете убави на начинот на кој само вие умеете. Прифатете го својот одраз во огледалото и престанете да се трудите да го промените. Вашата младост е вашиот адут, искористете го.
– Понекогаш ќе се чувствувате осамено. Ќе ви изгледа дека сите се посветени на своите животи, а вие сте сами. Тоа е во ред. На крајот на краиштата, вие секогаш можете да сметате само на себе и со секое ново чувство на осаменост ќе бидете само посилни.
– Во секој животен период ќе ви бидат потребни родителите.
– Често ќе мислите дека не ве ценат доволно и ќе бидете разочарани од луѓето.
– Ќе промените многу мислења и ставови. Можеби ќе чувствувате вина доколку ја прекинете врската, или ќе се иселите од родниот град заради кариерата. Но , мора да биде така – сето тоа е за ваше добро .
– Ни пазарот на работна сила не е она што бил некогаш. Факултетската диплома не е повеќе карта за успех. Ќе морате постојано да се докажувате и напорно да работите.
– Минатото оставете го зад себе. Мора да се ослободите од сите оние мисли ” што би се случило, доколку би се случило” и да продолжите напред.
– Нема секогаш да ви биде лесно да бидете добра личност. Често ќе морате да се борите за своите уверувања и тогаш кога се сите против вас.
– Нема секогаш да им се допаднете на сите. Личностите кои премногу се трудат да им се допаднат на луѓето, полека ја убиваат својата психа.
– Често лошо ќе ги проценувате луѓето. Немојте секогаш да се трудите да го најдете доброто во нив.
– Кога ќе ја најдете вашата сродна душа, не очекувајте таа да биде совршена. Вашата врска или брак понекогаш ќе бидат тешки. Не е поентата да мислите дека тој некој е совршен, туку да знаете дека е совршен за вас . Мора да се омажите за вашиот најдобар пријател, а не за “човекот од вашите соништа “.
– Вашето тело ќе се промени. Заради бременост или недостатокот на време или пари за во теретана, треба да знаете дека нема секогаш да изгледате како да имате 20 години. Вашето тело треба да се менува, тоа е нормално, како и се во животот .
– Многу пати ќе треснете со главата од ѕид. Без разлика дали е во прашање врската или работата, тоа ќе се случи . Важно е да знаете дека само треба да станете и да продолжите понатаму.
– Нема се да биде онака како што во моментов го замислувате. Можеби нема да имате свадба од 200 гости како од некое списание , можеби ќе имате поскромна свадба и тоа е сосема во ред.
– Вашите морални вредности често ќе се судираат со оние на луѓето околу вас. Вие мора секогаш да стоите зад нив.
– По дваесеттите години ќе имате чувство дека сте сосема поинаква личност која знае многу повеќе за животот отколку сега. Важно е да знаете кои сте длабоко во себе. Сакајте. Чекорете по патот на вашите сништа. Прифатете ги несовршеностите и сфатете дека животот ќе ве стави пред различни предизвици, но дека тоа е една убав хаос кој ќе биде само ваш.