1. Згрејте се со фен

Ако не можете да поднесете студена постела, земете фен за сушење коса, вклучете го на најсилно и со него згрејте го креветот пред да легнете. Потребни се само неколку минути, а резултатот дефинитивно ќе ви годи. Со него можете и директно да го згреете телото.

2. Резервни чорапи

Чорапите не зафаќаат преголем простор, така што можете секогаш да ги имате во торба, како резерва во случај чорапите кои ги носите на нога да не ви бидат доволни кога ќе излезете од дома. Тоа е особено добра идеја ако надвор врне дожд или ако паѓа снег.

3. Згрејте ја облеката

Пред да се облечете по утринското туширање, ставете го долниот веш и чорапите да ви се згрејат на радијатор или со сушилница за алишта.

4. Печете

Топлата рерна не е потребна само за топол оброк туку и за да ви го згрее телото. Додека нешто се пече во рерната и вам ќе ви биде пријатно, бидејќи и сами знаете колку тој дел од шпоретот може да ја згрее целата кујна. Дури и ако не печете ништо, а имате друга работа во кујната, како на пример миете еден куп садови, вклучете ја рерната и отворете ја ширум.

5. Топла вода

Најбрз начин да се згреете е да пуштите топла вода да ви тече на рачните зглобови. Затоплената крв патува низ телото и прави да се стоплите за само неколку секудни. Значи, кога ќе почнете да се тресете, брзо ставете ги зглобовите под млаз топла вода.

6. Врел компир

Ставете еден компир во микробранова печка околу 20 секунди и потоа држете го во раце извесно време. Звучи будалесто, но функционира.

7. Лута храна

Зачинете го своето тело со некоја лута храна, од која ќе почнете да се потите и ќе почувствувате жештина. Само, немојте да претерате со лутите пиперчиња.

8. Обратна психологија

Студенилото ви се во секој атом од вашето битие, но можете да се уверите себеси дека сепак не е така. Замислете си како некој оган е во вас, дека седите покрај топол камин, или како едноставно уживате во ова студено време и се чудите како не ви е воопшто студено. Друга тактика е да помислите на некое друго место кое е далеку постудено од ова на која се наоѓате.

10. Бања наместо туширање

Легнете во топла бања. Вашето тело ќе ја впие топлината од водата и ќе ја задржи уште некое време откако ќе излезете од кадата. Уште ако веднаш се напиете топол чај со малку ѓумбир… ќе ви биде претопло!

11. Распуштете ја косата

Некои девојки велат дека во зима поретко се депилираат, бидејќи така им е потопло. Чудна тактика. Освен тоа, ако имате подолга коса, ќе ви значи да не ја врзувате во опашка кога одите надвор – тоа барем малку ќе го ублажи ударот на студот на вашето лице, уши и врат.

12. Разговарајте со доктор

Ако боледувате од екстремно чувство на студ, за кој ништо не помага, тогаш најдобро е да се посоветувате со доктор кој може да ви препише одреден лек или терапија.

13. Вежбајте

Ништо нема толку брзо да ве загрее како малку кардио вежби, кои можете да ги направите и дома. Тоа ќе ви ја придвижи циркулацијата и ќе ве препоти, а можеби и заморот ќе ви го сврти вниманието од студот.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина