До бенигно зголемување на простата доаѓа најчесто поради хормонски промени до кои доаѓа поради стареење. Тоа зголемување го предизвикуваат оние хормони кои се наоѓаат во централната зона. 50% од мажите постари од 50 години имаат зголемена простата. Од овој број 30% имаат проблем со мокрењето.

 

Иритациски и опструктивни симптоми

 

Симптомите кои се јавуваат поради бенигно зголемување на простатата се делат на иритациски и опструктивни. Под иритациски спаѓаат зачестено мокрење дење и ноќе, бегање на урината и ургенција.

 

Опструктивни симптоми се:

 

  • послаб млаз
  • чекање за започнување на мокрењето
  • прекинување на млазот
  • чувство на непотполно празнење
  • капење по мокрење

 

Првите знаци се јавуваат во раните четириесетти години. По 60 – та година речиси секој втор маж има тегоби предизвикани од бенигно зголемување на простатата. Со стареењето, симптомите стануваат поизразени. Кога е простата поголема од 40 кубици, се смета дека е зголемена. Со овие опишанит тегоби јасно е дека болеста е присутна и дека треба да се лекува.

 

Токму иритациските симптоми се тие поради кои мажите најчесто посетуваат уролог. Многумина стравуваат од рак на простатата, како и од целосен застој на урината, но ретко симптомите толку многу напредуваат за да дојде до хроничен застој на урината или камен во меурот. Кај хроничниот застој на урината исто така се појавува крварење, како и поголем застој во бубрезите со откажување на бубрезите.

 

Пациентите кои имаат тегоби, мора да извршат уролошки преглед, кој задолжително содржи и палпација на простатата. Потребен е и преглед на урината, по потреба и ултразвук на мочниот меур пред и по мокрењето и ориентативен ултразвук на простатата. Кај постарите од 45 години потребно е да се одредат и крвни наоди на ПСА.

 

Лекување на зголемена простата

 

Лекувањето започнува со промена на животните навики, како и диетални промени. На пациентите им се советува одбегнување на:

 

  • зачинета храна
  • газирани пијалоци
  • алкохол
  • кафе
  • седење на ладно

 

Оние помлади пациенти, кај кои простата е зголемена, го започнуваат лекувањето со растителни препарати, како што е чајот од коприва или врбовка (Epilobium) и напитоци кои содржат serenou repens.

 

Овие напитоци се ефикасни кај пациенти кои имаат помали тегоби. Основата на терапијата се лекови се алфа блокаторите, кои ги опуштаат мазните мускули на вратот на мочниот меур и простатата и на тој начин овозможуваат подобар млаз, како и инхибиторите 5 – алфа дехидрогеназа, кои ја намалуваат простатата за 20 – 30%, овозможувајќи подобро уринирање. Комбинацијата на овие два вида на лекови дава најдобри резултати. Голем дел од пациентите со лековите има доживотно задоволително мокрење или прогресијата на тегобите значително многу се забавува.

 

Но, кај оние простати помали од 80 мл. се препорачува трансуретрална ресекција на простатата (TUR) за време на која простатата се засекува со посебни инструменти, а и се пристапува преку мокрачната цевка. Ако простатата е многу голема, се прави класична простатектомија. При овој зафат зголемениот дел од простатата (аденом) се лупи, а пристапот е преку мокрачниот меур. Ако пациентите не се способни за оперативен зафат, тогаш уринарните катетери се доживотно решение.

 

Целта на лекување на бенигната хиперплазија на простатата  (BHP) е да се олеснат симптомите и да се подобри квалитетот на животот на болните како и да се превенираат компликациите поврзани со истата.

 

Тагови: простата
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина