Младата пченица содржи пет пати повеќе железо од спанаќот, седум пати повеќе витамин Ц од портокалите и за седум пати повеќе бета – каротен од морковите. Поради сето тоа со право може да се нарече природен мултивитамин, скапоцена ризница за здравјето.

Една лажичка прав млада пченица е еднаква на 600 грама свежо овошје и зеленчук, моркови, целер, магдонос, спанаќ, пиперки и портокали. Младата зелена пченица е концентрирана зелена супер намирница, богата со аминокиселини, витамини, минерали, ензими и хлорофил. Младите листови пченица се најквалитетен природен извор на нутритиенти. Важноста на зелената пченица не е само во нејзиниот состав, туку во синергетското делување на сите нејзини компоненти. Токму тоа ја прави супер намирница, која треба се почесто да биде вклучена во исхраната.

Сојузник на здравјето

Тревата од млада пченица се употребува веќе илјадници години и поради нејзините нутритивни вредности како и поради лековитите својства. Младите зелени никулци пченица и нивната вредност ја препознале уште старите Египќани, а подоцна Грците и Римјаните, a старите Кинези ја употребувале за прочистување на крвта, бидејќи за себе ги врзува тешките метали како што е на пример живата, и ги отстранува од организмот. Младата пченица содржи хлорофил кој, благодарение на неговите антисептички својства, помага во борбата против вирусите и бактериите, а воедно го спречува развојот на габите.

Познато е и дека помага и кај пречки во дигестијата и им помага на болните од чир. Таа е сојузник на јакнењето на имунолошкиот систем и детоксикацијата, помага пи настинки, кашлица, делува антиревматски и против кожни болести. Ефикасна е во регулирањето на нивото на шеќерот во крвта, помага за здравјето на забите и усната шуплина. Воедно е и силно детоксификациско средство, ги неутрализира и отстранува токсините и слободните радикали од организмот. Сокот од пченична трева има одлично дејство во чистењето на лимфата.

 

За виталност

Младата пченица делува поволно во превентивни цели, а посебно е ефикасна при еднолична и нередовна исхрана, во остранувањето на пролетниот замор, кај луѓе изложени на стрес, при ослабнат имунитет како и кај алергии и кожни промени. Можат да ја употребуваат трудници, доилки, деца, спортисти и сите кои сакаат да ја вратат виталноста и силата на организмот.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина