salata_naslovnajpg

Стигнува пролет- годишното доба кога на вашата трпеза мора да се најде зелената салата. Оваа намирница не само што ја спречува дебелината, туку у појавата на малигни болести, тврдат онколозите од Тексас.

Старите Грци и Римјаните ја сметале и за храна и за лек за спиење, а древните Кинези верувале дека носи добра среќа и ја јаделе во посебни прилики.

Во прилог се неколку причини ошто би требало да ја јадете зелената салата

Зелената салата има многу малку калории – само 12 на 100 грама, а речиси е без масти. Затоа зелената салата им се препорачува на луѓето кои сакаат да ослабнат.

Содржи влакна и целулоза, кои ќе ве заситат и ќе го подобрат варењето. Помагајќи го варењето, зелената салата на „долги патеки“ ви помага и да се ослободите од вишокот килограми, односно да одржувате нормална тежина. Влакната исто така помагаат и во елиминирањето на солите на жолчната киселина од организмот. Кога организмот ги надоместува овие соли, истовремено го разложува холестеролот, па затоа зелената салата е добра и за срцето.

Зелената салата е добра за срцето и затоа што витаминот Ц и бета каротинот во нејзиниот состав, ја спречуваат оксидацијата на холестеролот, што повторно го спречува формирањето на наслаги на артериите.

Од вкупниот број на калории во зелената салата, 20% доаѓаат од протеините. Содржината на протеини може да се зголеми во комбинација со други здрави протеини, како на пример јајцата.

zelena-salata_1

Марулата содржи лактукаријум (бела течност која е видлива кога ќе ги исечете листовите). Оваа супстанца има својства слични на опиумот, но без силните контраефекти. Затоа зелената салата делува и на опуштањето и добриот сон, па на луѓето кои страдаат од несоница им се препорачува да изедат неколку листови зелена салата пред спиење или да исцедат и испијат сок од зелена салата.

Минералите во зелената салата помагаат во чистењето на организмот од токсини и ја одржуваат рамнотежата на киселини и бази. Оваа рамнотежа влијае на тоа да имате повеќе енергија, да размислувате појасно, да спиете подобро и да имате убава и мазна кожа.

Зелената салата има низок гликемиски индекс, па затоа им се препорачува и на дијабетичарите.

Важно е да се знае дека доколку не е органски одгледувана, зелената салата може да содржи токсини и пестициди. Затоа, конвенционално одгледаната зелена салата, пред употребата, најдобро е да ја чувате потопена во вода во која е растворена една лажичка зеолит во прав, бидејќи тој ги врзува пестицидите и тешките метали.

.
Ги блокира клетките на ракот

Истражувањето, кое опфатило 3800 испитаници, открило дека оваа намирница содржи материи кои ги блокираат клетките на ракот и го забавуваат напредувањето на болеста на дишните патишта.

Онколозите од Тексас биле особено изненадени од позитивните ефекти кај пушачите. Врз основа на откриеното, лекарите се уверени дека вегетаријанските оброци со салата не само што го намалуваат ризикот од појава на тумори, туку ги намалуваат и штетните ефекти од загадувањето на воздухот и алергените од прашината.

Во оваа смисла, превентивно се препорачуваат четири чинии зелена салата неделно, што би требало да го намали ризикот од појава на рак на белите дробови.

Најдобра заштита, велат тие, се постигнува со комбинирање на салатата и умерена физичка активност.