Грејпфрутот е здраво тропско овошје со горчлив вкус кое има низа предности за човековото здравје – полн е со витамин Ц, помага во борбата против настинките и кај срцевите боелсти, го забрзува метаболизмот… Меѓутоа, тој крие и неколку опасности. Грејпфрутот содржи антиоксиданси кои помагаат во обновувањето на оштетената кожа и во борбата против брчките. Исто така, содржи спермидин, за кој многу студии покажуваат дека го забавува процесот на стареење на клетките.

Ако задебели кожата на петите или рацете, прекријте го со парчиња грејпфрут на барем десет минути. Кожата ќе ви стане мека и нежна. Ако сакате да го подобрите изгледот на својата кожа, еднаш седмично направете маска од грејфрут. За неа ви се потребни една лажица мед, шолја зобена каша и сок од половина грејпфрут.

Хемиските својства на грејпфрутот го снижуваат нивото на инсулин во крвта, го забрзуваат метаболизмот и го поттикнуваат слабеењето. Доктор Таз Батија, специјалист за женско здравје, исхрана и губење на тежината, препорачува да испиете по една чаша сок од грејпфрут за да го намалите апетитот.

Грејпфрутот има и антисептични својства, а богатството од витамини и минерали кои се содржат во него ги хранат клетките на кожата, ги стеснуваат порите и ја ослободуваат кожата од вишокот масло. Ако имате проблем со масна кожа, побарајте производи кои содржат грејпфрут.

Консумирањето на грејпфрут е корисно за спречување на развој на кардиоваскуларни болести. Научниците од Израел спровеле истражување над 57 мажи и жени болни од срцви болести, чиј организам не реагирал на лекови за намалување на холестеролот. Со консумирањето на грејпфрут тие успејале да го регулираат холестеролот, но и да го намалат нивото на маснотии и триглицериди во крвта.

Без азлика на се претходно наведено, постојат ситуации во кои не смеете да јадете грејпфрут. Во интеракција со некои лекови, грејпфрутот може да ја попречува работата на црниот дроб.

Грејпфрутот содржи хемикалии кои го засилуваат делувањето на лекот. Земајќи една таблета со чаша сок од грејпфрут е еквивалентно на земањето на пет таблети со вода“, рекол фармацевтот Дејвид Бејли.

Грејпфрутот или сокот од грејпфрут може да предизвикаат реакција дури и ако ги консумирате половина час пред или по пиењето на лекот. Грејпфрутот исто така го зголемува нивото на калциумовиот оксалат, кој може да предизвика создавање на бубрежни каменчиња.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина