Голем број здравствени проблеми, со кои се среќаваме секојдевно, ги запоставуваме било поради недостиг на време или поради мрзеливост. Но, не би требало да биде така. И мажите и жените би требале да бидат повнимателни при игнорирањето на некои симптоми, бидејќи на тој начин си го загрозуваат здравјето. Научниците имаат составено список на осумтте најчести симптоми кои мажите ги игнорираат, а кои се почетни симптоми на сериозни болести. Поради тоа докторите им советуваат на мажите редовни годишни контроли, но и следење на промените во здравјето.

Честото мокрење навечер, недостигот на мирис, еректилна дисфункција, болка во ножниот палец, грутчиња во тестисите, сето тоа им сигнализира на мажите да побараат помош од доктор. Пораката на докторите е дека во никој случај не смеат да се игнорираат овие симптоми.

1. Еректилна дисфункција

Докторите се повеќе предупредуваат дека еректилната дисфункција честопати може да биде ран и прв знак за предупредување за срцева болест. Болестите на срцето настануваат кога ќе се затнат артериите со масни наслаги. Овој ефект најбрзо се забележува во крвните жили кои ја носат крвта во пенисот, бидејќи тие се помали и побрзо на нив се таложат наслаги. Кардиологот Грахам Џексон нагласува дека оние кои имаат проблеми со ерекцијата обично развиваат срцеви проблеми во рок од три до пет години. Еден маж во своите 40-те години има за 50 пати поголем ризик да добие срцев удар во следните десет години.

2. Растење на гради

Во повеќето случаи не станува збор за гради, туку за масно ткиво. Во тој случај, мажите треба да ја регулираат исхраната и да го намалат пивото. Но, во некои случаи станува збор за друг проблем, односно значи дека мажот има женско ткиво на градите, кое доведува до неправилна рамнотежа помеѓу тестостеронот и естрогенот, која треба да се доведе во ред.

3. Губење на сетилото за мирис или промена на либидото

– Ако мажот забележи промена во либидото, причините за тоа треба да се бараат во хормонските проблеми – објаснува Мајкл Дули, доктор на клиниката Паундбери. Хипоганадизмот е состојба во која тестисите не создаваат доволно машки хормони. Дека тие не работат правилно доказ е и губењето на сетилото за мирис. Многумина не знаат дека токму загубата на ова сетило е едно од клучните знаци.

4. Грутки во тестисите

Грутчињата и отечените места во тестисите се релативно чест симптом кај момчињата и кај возрасните мажи. Повеќето од овие отечени места и грутчиња се бенигни и не е потребно нивно лекување. Но, тоа исто така може да биде и знак за рак на тестисите, кој е најчестиот рак кај мажите на возраст од 20 до 35 години. Мажите кои ќе забележат грутчиња во своите тестиси секогаш треба да побараат лекарска помош и да проверат дали е се под контрола. Посебно поради фактот дека лекувањето на ракот на тестисите е многу поефикасно ако се дијагностицира во поран стадиум.

5. Крв во урина

Крв во урината може да биде знак за рак на мочниот меур и, во повеќето случаи, мажот не чувствува болка. Повеќето случаи на рак на мочниот меур се предизвикан од изложеност на штетни супстанции, што доведува до абнормална промена на клетките во меурот низ годините. Честа причина е чадот од цигарите. Се проценува дека половината случаи на рак на мочниот меур се предизвикани од пушењето.

6. Консумирање премногу алкохол

Една од причините за посегање по поголеми количини алкохол, кај мажите, може да биде и депресијата. Едно данско истражување покажало дека мажите честопати немаат некои типични симптоми на депресија и дека често посегнуваат по алкохолот.

7. Зачестено моќрење навечер

Честата посета на бањата во ноќните часови може да биде знак за зголемена простата или за рак на простатата. Простатата е машка полова жлезда која се наоѓа помеѓу мокрачниот меур и рамното црево, а ја опкужува мокрачнат ацевка која ја спровеува урината низ меурот до пенисот. Затоа, било каква нејзина промена во големината може да влијае врз уринарните навики на мажот. Потешкотиите за време на мокрењето, напрегнување за време на мокрењето, долгото мокрење или чувството на нецелосно празнење на мочниот меур можат да бидат знаци за зголемена простата.

8. Болка во ножниот палец

Три до четири пати е поголема веројатноста дека мажите ќе добијат гихт во однос на женската популација. Најчести симптоми се силна и ненадејна болка во едниот или во повеќе зглобови, обично во палецот. Гихтот е воспаление на зглобовите (артритис) предизвикано од таложење на кристалите на мокрачната киселина во зголобовите. Симптомите обично се јавуваат по навршената 30 година од живоотт.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина