Освен што помага за долг живот, за слабеење и за силно срце, редовното вежбање може да помогне за полесното справување со стресот, депресијата и за добивање на самодоверба. Вежбањето е еден од најдобрите лекови кои постојат. Доколку имате здравствени проблеми и се чувствувате дека лековите не ви делуваат онака како што вие сакате, можеби вежбањето е токму она што ви е потребно, затоа што тоа лекува многу состојби. Еве некои од нив.

1.Анкциозност

Сите ние секојдневно се соочуваме со нервоза, грижи на работа, нервирање околу пари и семејни проблеми. Но, постои и хронична клиничка анкциозност, која може да се развие од други ментални заболувања, како што е депресијата. Сите оние кои редовно вежбаат, се за 25% помалку склони кон анкциозност од оние кои не вежбаат. Најдобрите вежби за оние кои патат од хронична анкциозност се вежбите кои се фокусираат на дишењето, како што е јогата.

 

2.Хиперкинетичко нарушување

Бидејќи не постои лек за ова нарушување, вежбањето може да влијае врз оние кои го имаат ова нарушување, така што ќе им помогне да се фокусираат, да го смират немирот и да ги регулираат емоциите, како кај децата, така и кај возрасните. На возрасните ќе им годи било какво вежбање, а на децата тимските спортови.

3.Губење на помнењето/Когнитивни проблеми

Вежбањето го стимулира дотокот на крв во мозокот, кој може да биде нарушен од срцеви проблеми и висок холестерол. Здравиот мозок зависи од од здравјето на вашето срце. Покрај тоа што го стимулира кардиоваскуларниот систем, вежбањето го симулира и развојот на мозокот, посебно во деловите кои го контролираат помнењето. Најдобра вежба е онаа во која се повторуваат веќе познати движења, како што се таи чи, тенис или некоја боречка вештина.

 

4.Астма

Можеби делува контраинтуитивно, но студиите имаат докажано дека оние со астма ја подобруваат состојбата на кардиоваскуларниот систем, со што се намалува јачината на астмата. Исто така, астмата се влошува кога се има вишок килограми, затоа што клетките на мастите придонесуваат за инфламацијата. Најдобриот тренинг за овие луѓе е кардио тренингот или дигањето тегови, но и спортови кои се практикуваат надвор.

5.Проблеми со ерекцијата и ниското либидо

Со вежбање навистина може да му помогнете на својот сексуален живот, било да сте маж или жена. Проблемите со ерекцијата и намаленото либидо обично се резултат од стрес, нарушувања на сонот и слаба циркулација, посебно кај оние кои долго време минуваат во седечка положба. Најдобри вежби се оние за долниот дел на телото, бидејќи ја поттикнуваат циркулацијата под половината и помагаат за дифункцијата. Единствен исклучок е возењето на велосипед, затоа што така се создава дополнителен притисок на гениталната регија. Можете да го подобрите либидото со секоја вежба, а уште подобро е ако вежбате во пар.

6.Болка во долниот дел на грбот, колковите, коленото и вратот

Речиси секој вид болка може да се намали со вежбање, бидејќи кај многумина таквата болка е резултат од долгото седење во текот на денот, стрес или дебелина. Многу облици на болка се предизвикани од слабите мускули на болното место. Болките во вратот или рамењата обично се јавуваат поради долго згрчено седење пред компјутер. Најдобри вежби за овие болки се вежбите на сила.

 

7.Остеоартритис

Остеоартритисот предизвикуба болка и инфламација околу зглобовите поради неподмачканата рскавица која ги штити зглобовите. Со вежбање се симнуваат вишокот килограми и се намалува притисокот на болните зглобови. Со вежбите на сила ќе ги зајакнете мускулите околу болните мускули, па тие мускули ќе го намалат притисокот на зглобовите. Најдобри вежби се одење, пливање или воден аеробик.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина