Зимата е период кога температурите се често под нулата, а ние мора да пронајдеме адекватен начин како да се загрееме и да го сочуваме нашето здравје. Погледајте некои од нашите совети, кои сигурно добро ќе ви дојдат во овие студени зими.

zimska_nas

Собната температура нека остане навистина собна

Најголемата грешка која се прави во зимските денови е претераното загревање на просториите. Немојте да пуштате толку многу греење за просторијата да биде топла, бидејќи кога ќе ја напуштите истата, телото ќе доживее вистински стрес, пти што се создава агресивна контракција во крвните садови. Последица на ова е појава на Рајнаудовиот синдром, при што имате неадекватна циркулација во рацете и прстите.зараади ова, трудете се собната температура да не биде над 22 степени во текот на зимата.

Зимскиот сон не е за луѓето

Се разбира, не сте како животните па да ја преспиете цела зима. Потрудете се скогаш да станувате рано наутро, во некое пристојно време, без разлика на тоа дали имате или немате обврски тој ден. Луѓето кои го практикуваат ова, имаат посубјективно чувтсво за студенило.

Загрејте ги обувките пред да ги облечете

Телото за време на студените денови повеќе крв испраќа до виталните органи, а помалку до екстремитетите, па тие остануваат студени и тоа е и главната причина зошто постојано ви е студено на рацете и нозете. Затоа загрејте ги чевлите пред да ги обелечете, ако ништо друго, тогаш сигурно ќе се чувствувате подобро.

Правете мали вежби под јорганот

Едноставните вежби под јорганот се состојат од едноставни движења, а служат за подобрување и поттикнување на циркулацијата. 20 пати соберете ги прстите на наозете и рацете. Потоа направете неколку движења со ножните зглобови и на крајот 10 стегнувања и опуштања со колковите. Ќе се почувствувате многу позагреано и поопуштено.