Сите ние имаме навики за кои мислиме дека се здрави само затоа што тоа ни го кажал некој или сме го прочитале. Ова се само некои од нив, и сите тие треба да ги оставиме зад себе во годината која измина, бидејќи се само мит.

Јадење храна со малку масти

Една студија, која траела осум години и која била спроведена над 50.000 жени, открила дека оние жени кои се придржувале до нискомасна диета немале помал ризик од заболување од срцеви болести, рак, но и дека не загубиле многу повеќе килограми од оние кои јаделе мрсна храна. Здравите масти, како што се оние во јаткастите плодови, се всушност добри за нас.

Користење на БМИ индексот за проверка дали имаме здрава телесна тежина

БМИ индексот не е најдоброто мерило, ако се гледа самостојно. Тој не вклучува два најважни фактори: 1. колку телесна маст имате и 2. обемот на вашата половина, кој е меродавен за ризикот од дијабетес тип 2 и срцеви болести.

Замена на обичното млеко со бадемово

Бадемовото млеко речиси воопшто не содржи протеини, а сите витамини во него се дополнително додадени.

Средства за дезинфекција

Ако редовно ги миете рацете, не ви се потребни средства за дезинфекција. Тие не можат да ги убијат бактериите кои водата и сапунот можат.

Јадење само белки од јајца наместо цело јајце

Најновите истражувања покажале дека жолчката не може значително да влијае на холестеролот. Доколку немате многу висок холестерол, може да јадете цело јајце.

Задржување на воздухот во белите дробови ако некој покрај вас кивнал или се закашлал
Кога некој ќе кивне или ќе се закашла и притоа не ја стави раката на устата или носот, бактериите влегуваат во воздухот со брзина од 22.352 до 89.408 м/с. Задржувањето на здивот нема да ви помогне во превенција на заразата.

Земање премногу витамин Ц за да се заштитите од настинка

Витаминот Ц може да помогне во јакнењето на имунолошкиот систем, но премногу земање на истиот не е добро. Горната граница за возрасните е 2.000 милиграми дневно. Се повеќе од ова предизвикува дијареја, вртоглавица и главоболка.

Користење статичен домашен велосипед наместо вистински

Освен ако немате повреда на колената, рамењата или слично, статичните велосипеди се непотребни.

Диети за детоксикација

Непотребни се, освен ако сте имале труење. За детоксификација ги имаме бубрезите и црниот дроб, кои одлично си ја вршат својата работа.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина