Се правите како што треба – вежбате, пиете многу вода, се храните здраво, а сепак никако не можете да ослабнете. Или, уште полошо, се дебелеете. Можеби мислите дека виновник за тоа се колачите или парчето чоколада која сте ја изеле, но вистината е дека улога во тоа имаат и ,,здравите грицки,, кои ги јадете секој ден.

 

Некои здрави намирници можеби содржат скриени шеќери и адитиви, а ако тоа не е случај, тогаш можете да јадете големи количини храна за која мислите дека е ,,безопасна,, по вашата линија.

 

Еве на кои намирници треба да внимавате:

 

Колачиња од ориз

 

Честопати се мисли дека оваа намирница содржи малку масти и дека е без глутен, па дека е поради тоа и здрава. Повеќето од овие колачиња се направени од бел рафиниран ориз, чиј гликемиски индекс е речиси 91, додека чистата глукоза има индекс околу 100.

 

Кажано поинаку, колачињата од ориз често се претвораат во телото во шеќер, доведувајќи го во дисбаланс нивото на шеќер во крвта и до дебелеење.

 

Овошен јогурт

 

Без разлика на тоа што можеби пишува дека има ниско ниво на масти и дека затоа е диетален, некој од нив содржат и до осум лажички додаден рафиниран шеќер.

 

Честопати шеќерот е следната состојка после млекото кој го има во најголеми колични во јогуртот. Овој вид на јогурт има висок гликемиски индекс, поради што телото ослободува повеќе инсулин за да излезе на крај со наглиот пораст на шеќер во крвта, поради што во телото се таложат повеќе масти.

 

 

Намирници без глутен

 

Освен ако имате интолеранција на глутенот или целијакија, не треба да го исфрлате глутенот од исхраната. Доколку планирате да го направите тоа, не наседнувајте на лебот и пецивата без глутен, бидејќи обично содржат повеќе шеќери и адитиви и имаат поголем гликемиски индекс од истите намирници кои содржат глутен. Подобар пристап кон здравите намирници, без разлика на тоа дали консумирате глутен или не, подрзабира сами да ја подготвувате храната, со минимална количина на шеќер.

 

Бадеми

 

Ова е многу здрава намирница, но не треба да се консумира во големи количини. Бадемите се ,,заразни,, и понекогаш не ни сфаќате дека грицкајќи сте изеле 100 грама, а тоа значи дека сте внесле околу 600 калории за тие неколку минути.

 

Пуканки

 

Многу се вкусни и навистина се едни од поздравите грицки, но после нив ќе бидете гладни. Пуканките се поздрава алтернатива за грицките, но тие и понатаму спаѓаат во јагленохидрати, кои брзо се апсорбираат и нагло го подигаат нивото на шеќер во крвта. А бидејќи шеќерот ги оштетува протеините, високиот шеќер во крвта е најлошиот непријател.

 

Обезмастено млеко

 

Млекото кое содржи помалку масти и помалку калории се чини како подобра опција. Но, со консумирањето на обезмастено млеко, не внесуваме важни нутритиенти како витамините А, Е и Д. Мастите навистина не се толку лоши како што се мисли. Веќе е и докажано дека полномасното млеко не придонесува за дебелеење и за срцеви болести.

 

Послномасното млекоо всушност ги обезбедува важните масни киселини, како омега-3 масните киселини, конјугираната линолинска киселина, а кои имаат моќни антивоспалителни својства и кои се добри за мозокот.

 

 

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.