Постојат бројни комбинации на оброци кои можат да се подготват со тиквички, кои поради неутралниот вкус можат да се вклопат во секое јадење, од солено до слатко. Но и покрај прекрасниот вкус, постојат бројни здравствени придобивки од употребата на тиквичките во исхраната поради нутритивното богатство кое содржи и мали енергетски вредности (16 kcal/100g) поради кои можеме слободно да уживаме во нивниот вкус и да бидеме во одлична форма.

Бидејќи тиквичките претставуваат силен извор на антиоксиданси поради огромните количини на витамин Ц и бета каротен во прилог следуваат неколку рецепти со тиквички кои ќе внесат вистинско освежување во вашата кујна.

Мафини од тиквички

Состојки:

  • 1 тиквичка(300г)

  • 2 јајца

  • 200г свежо сирење

  • 1 лажица јогурт

  • 100говесно брашно

  • 50 г интегрално брашно, палента или друго брашно по желба

  • пола прашак за пециво

  • сол, бибер, оригано и други зачини по желба

Начин на подготовка:

Изрендајте ги тиквичките, посолете ги и оставете да отстојат околу 10-тина минути. Направете смеса од јајца, јогурт, свежо сирење и зачини и постепено додавајте го просејаното брашно со прашок за пециво. Потребно е добро да се измеша за да се добие мазна смеса.

Премачкајте ги со масло калапите за мафини, а потоа рамномерно наполнете ги со смесата и ставете ги во загреана рингла на 200 степени. Печете ги се додека не добиете златна боја околу 30-тина минути.

Потпечена зелка со тиквички

zelka-sso-tikvicki

 

Состојки:

  • 150 г зелка

  • 1 поголема тиквичка(200-300г)

  • 50г мисиркина шунка

  • 1 помал кромид

  • 3 чешниња лук

  • 1 лажица интегрално брашно

  • 1 шолља млеко

  • 150 г свежо сирење

  • пола лажица бибер

  • пола лажица сол

  • 2-3 лажици магдонос

  • 4 јајца

  • маслиново масло или друго масло по желба

Начина на подготовка:

Измијте ги листовите од зелката и ставете ги да вријат во вода, која количински треба да ги покрие листовите. Откако ќе варат 5 минути, тргнете ги од оган, исцедете ги и ситно исечкајте ги листовите од зелката.

Во подлабока тава намачкана со масло пропржете го ситно исечканиот кромид и шунката. Сето тоа пржето го 3-4 минути и во последната минута од пржењето додадете ги чешнињата лук, а потоа и ситно исечканата зелка и тиквици. Оваа смеса потребно е да врие 10-тина минути.

Додајте една лажица брашно и пржете 30-тина секунди и постепено додавајте млеко со постојано мешање. Смесата треба да се згусне, а доколку стане премногу густа додајте уште малку млеко или вода. Потоа во смесата додајте свежо сирење, сол, бибер и магдонос. Откако сето тоа ќе се измеша и соедини тргнете го од оган за малку да се олади. Потоа додајте изматени јајца и добро промешајте.

Во калапот за печење претходно намачкан со масло за јадење додајте ја смесата. Печете во загреана рингла на 180 степени 35 минути со фолија, малку подотворена на едната страна. Последните 10-тина минути тргнете ја фолијата за да може смесата убаво да се испече.

Тиквички полнети со туна и мацарела

tikvicki-so-tuna

Состојки:

  • 5 тиквички

  • 300 г туна

  • 2 лажици павлака

  • 1 dcl сос од домати

  • 1 помал кромид

  • 10 dkg моцарела

Подготовка:

Исечете ги тиквичките на 10 половини и издлабете ги, а потоа ставете ги 10-тина минути во печка на 200 степени, со цел да станат помеки. Издлабениот дел пропржете го заедно со кромид.

Во меѓувреме направете смеса која ќе се состои од туна, павлака, сос од домати, ситно исечкан кромид, моцарела и зачини и додатете ја во смесата од издлабениот дел од тиквиците. Останатата половина од тиквиците наполнете ја со смесата и ставете ја во печка на температура од 200 степени да се пече околу 20-тина минути.