Сте се решиле за здрав живот и тренинг, а според тоа и за здрава исхрана. Сакате да станете фит, но внимавајте на стапиците кои би можеле да ве попречат во вашите планови. Ова се само некои од здравите намирници кои можат да ве ,,саботираат,,:

 

Авокадо

 

Сте прочитале дека авокадото е една од намирниците кои спаѓаат во групата на здрави масти. Мастите му се потребни на телото, авокадото е секако здраво, па тогаш во што е проблемот? Се работи за  – претерувањето. И тоа не значи дека секојдневно треба да се прејадувате со големи количини авокадо. Во 100 грама од ова овошје има дури 160 калории, додека едно просечно авокадо тежи околу 300 грама. Тоа значи дека само еден плод задоволува четвртина од дневната доза калории кај една просечна возрасна. Истото важи и за популарниот намаз гвакамоле. Само една лажичка од овој намаз има 40 калории. Дневната препорачана количина авокадо е една половина.

 

Light производи

 

Читајќи ги декларациите и калориските вредности, честопати се одлучувате за light верзијата на некој производ. Било тоа да е јогурт, млеко или пекарски производ, имајте на ум дека се работи за особено измамнички трик од кој индустријата годишно заработува неверојатни суми пари. Во што е проблемот? Првиот е најочигледен: јадејќи light производи не успевате да ги задоволите потребите за одредена намирница, па ја зголемувате количината или, што е најчест случај, ја јадете и light и вистинската верзија од истата намирница.

 

Истражувањата исто така покажале дека light производите се лишени од шеќер, кој е заменет со вештачки, нездрави засладувачи. На тој начин најверојатно на своето тело му правите повеќе штета одошто полза.

 

Запечен грав

 

Знаеме дека е гравот полн со влакна и протеини, но запечената традиционална верзија на нашето „тавче – гравче“ и не е најдобрата варијанта која може да ја одберете. Не е проблемот во намирниците, туку во начинот на подготовка. Всушност, накусо кажано, проблемот е во големите количини масло на кое се пржи.

 

 

Овошје на дно од јогуртот

 

Во оваа категорија спаѓа овошниот јогурт. Многу истражувања покажале дека овие намирници содржат најмногу шеќери.

 

Мусли

 

Овој вид „снегулки“ не само што се полни со висококалорични јаткасти плодови и семки, туку често имаат и огромен уддел на шеќери и чоколада. Најверојатно наутро внесувате околу 800 калории со својот оброк, кој на крајот ќе ве остави гладни.

 

Суши

 

Лососот и туната се здрави риби, полни со протеини и омега-3 масни киселини. Ама додека ова јапонско традиционално јадење го макате во солен соја сос, вие всушност јадете голема количина ориз. И таа е исто така здрава намирница, но и високо калорична – може да изнесува околу 600 калории.

 

Сок од портокал

 

Ова се однесува на сите купечки сокови: подобро да се одбегнуваат! Тука има малку вистинко овошје и огромни количини – шеќер. Обидете се сокот од тетрапак да го замените со еден портокал, кој наутро ќе ви даде енергија и потребната количина витамини.

Салами

 

Повторно доаѓаме до истиот заклучок: читајте ги декларациите на производите. Сувомеснатите производи честопати содржат голема количина адитиви, сол и други непожелни додатоци. Одлучете се за ,,поприродна,, опција, а во тој случај попожелна е пилешката салама.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина