Здрава диета
Секоја година не измачува истиот проблем – што со вишокот килограми? За тоа ќе помогне оваа одлична, но многу рестриктивна диета, која ќе ви го реши проблемот со вишокот на килограми. Поточно, за 21 ден, затоа што во викендите се јаде нормално.
Пред евентуално да се одлучите за нејзината примена, консултирајте се со нутриционист и доктор. Спроведувањето е задолжително со медицински надзор. Многу е важно, ако се одлучите за оваа диета, да си поставите пред себе реални цели.
Мени по денови
Бидејќи за време на диетата се внесува мала количина на јагленохидрати, се намалува мускулната маса, па потребна е физичка активност. Тоа може да биде фитнес, возење велосипед, пливање или едноставно одење. Храната не смеете премногу да ја солите, затоа што тоа ја задржува водата во телото. Наместо сол, употребувајте зачински растенија. Сепак, ако немате премногу вишок килограми, тогаш почнете некоја друга диета. Или, држете ја, само во некоја нејзина полесна варијанта, која ќе одговара на вашиот организам.
Понеделник
Појадок: 1 портокал (или една круша, праска, воиста количина лубеница, диња, само е важно да не јадете банана), 2 двопека, филџан кафе или чај без шеќер
Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, 1 кисело млеко
Вечера: 2 домати, 2 варени јајца, половина главица зелена салата
Вторник
Појадок: 1 портокал (или една круша, праска, воиста количина лубеница, диња, само е важно да не јадете банана), 2 двопека, филџан кафе или чај без шеќер
Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, 1 кисело млеко, 1 филџан чај или кафе
Вечера: 125 гр. мелено месо, 1 домат, 1 портокал, 1 двопек
Среда
Појадок: 1 портокал (или една круша, праска, воиста количина лубеница, диња, само е важно да не јадете банана), 2 двопека, филџан кафе или чај без шеќер
Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, 1 кисело млеко, 1 главица зелена салата
Вечера: 125 гр. мелено месо, 1 домат, 1 портокал, 1 филџан кафе или чај
Четврток
Појадок: 1 портокал (или една круша, праска, воиста количина лубеница, диња, само е важно да не јадете банана), 2 двопека, филџан кафе или чај без шеќер
Ручек: 125 гр. младо сирење, 1 портокал, 1 двопек
Вечера: 125 гр. мелено месо, 2 домати, 1 јаболко, 1 двопек
Петок
Појадок: 1 портокал (или една круша, праска, воиста количина лубеница, диња, само е важно да не јадете банана), 2 двопека, филџан кафе или чај без шеќер
Ручек: 200 гр. варено месо или риба, 1 домат, 1 двопек
Вечера: 500 гр. варен зеленчук (морков, карфиол, грашок), 1 јајце
За викендите се јаде нормално.
Дополнителни совети: Месото можете да го зачините ако сакате со зачинал, но со многу мала количина. Во првите 5 дена ќе загубите од 3 до 5 кг. Но потоа доаѓа брзото слабеење. Овие 5 дена план на исхрана повторете го 3 пати. Не смее да се консумира алкохол. Намирниците можат да се јадат топли или студени, но важно е да се земаат по точен редослед како што се дадени. Кога ќе ја постигнете посакуваната тежина, за да ја оддржите, јадете нормално, воздржувајте се од засладени напитоци, слатки и брза храна, а во понделниците јадете според следново мени:
Појадок: Лимонада без шеќер
Ручек: 1 јајце, 1 двопек, 1 домат (може уште едно јаболко)
Вечера: 1 двопек, 1 домат (може уште едно јајце)