Се работи за рецепт кој Питер Карвел го добил од славен британски хомеопат. Не е ни чудо што за толку кусо време го имаат погледнато два милиони луѓе. Имено, дури и да не сте љубител на зеленчук, мора да знаете дека природните сокови се одличен начин за да внесете хранливи материи во организмот.

Но, ако притоа ги искомбинирате вистинските намирници, ќе добиете моќен напиток кој ги топи масните наслаги на стомакот и во исто време го чисти организмот од насобраните токсини.

ПОДГОТОВКА

Состојки:

1 големо цвекло, 2 – 3 свежи моркови, 4 – 5 снопчиња целер, 1 грст свеж спанаќ, 1 јаболко, 1 свежа краставица, 2 ротквички, 1 корен свеж ѓумбир и 1 лимон.

Подготовка:

Исчистениот зеленчук и јаболкото исцедете ги во соковник и испијте го сокот. Најдобро е сокот да се консумира наутро. Од овие намирници ќе добиете околу 500 мл. сок.

Оние кои го имаат пробано овој напиток велат дека е толку многу хранлив, што може да ги замени витаминските додадоци, па дури и појадокот!

Погледнете го видеото и пробајте го рецептот. Резултатите ќе ве воодушеват.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина