Џилијан Мајклс моментално е една од најпопуларните фитнес стручњаци, животни тренери и мотивациски говорници. Ова е нејзината 30-дневна програма за постигнување врвни резултати во согорувањето на вишокот килорами. Се работи за програма на вежбање која е поделена на три нивоа. Идеално е на секое ниво да се поминат по 10 дена, иако корисниците спомнуваат дека времето поминато на едно ниво може да се прилагоди на вашата физичка подготвеност. 

Според оваа програма треба секојдневно да минувате по 25 минути на интензивно вежбање, а секој недела се препорачува по еден одмор да се зема. Самата Џилијан вежбите ги изведува со помош на други две девојки, кои вежбаат со различен интензитет, па така сами одбирате која од нив три ќе ја следите во вежбањето.

5 фази од секој тренинг:

  • загревање (ветерници, jumping jacks),
  • 1. круг,
  • 2. круг,
  • 3. круг,
  • ладење.

Секој од круговите започнува со триминутни вежби за сила (склекови, чучнувања, исчекори) на кои се надоврзуваат двеминутни кардио вежби (скокови и шутирања), a се завршува со едноминутно вежбање на стомачните мускули (стомачни).

Според Мајклс, оваа комбинација е најбрзиот и најефикасен начин за да се ослободите на вишокот масти и да ја доведете фигурата во топ форма. За време на овие куси циклуси вежбите се менуваат на секои 30 секунди, па така е невозможно било која од нив да во здодее или целосно да ве исцрпи. Исто така, иако се работи за многу брзи вежби, се препорачува темпото на вежбање да се прилагоди со цел да се одбегнат повреди.

Прво ниво

Ова ниво има најлесни вежби, но со оглед на тоа дека се работи за прво ниво, тоа служи за да ги активира сите групи на мускули. Ако не сте навикнати на вежбање, сигурно ќе почувствувате болки во мускулите и многу брзо ќе видите промени на своето тело.

Второ ниво

 

Ова ниво е посветено на јакнење на горниот дел од телото; рацете, рамењата и грбот. Иако вежбите се тешки, ако ги правите правилно, за кратко време ќе имате видливи резултати.

 

Трето ниво

 

Последното ниво е исклучително интензивно, а кај него нема акцент само на еден одреден дел. На почетокот може да ви се види дека кардио вежбите се претешки, но ако издржите во првите неколку дена, ќе издржите и до самиот крај.

Предности на програмата

  • Можете да ја правите од вашата дневна соба.
  • Не можете да се извлечете со оправдувања дека ви е недостапно, скапо или дека немате доволно време да вежбате.
  • Вежбањето трае само 25 минути, а вклучува и загревање и ладење.
  • Програмата содржи многу различни вежби, со што се разбива монотонијата на вежбањето.

  • Ефикасна е.

Колку навистина е ефикасна оваа програма?

Ваквото вежбање не е волшебно решение кое ќе ви ги истопи сите вишок килограми, но може на многу здрав и забавен начин да ве натера да го прифатите фитнесот како секојдневие. Повеќето корисници на оваа програма наведуваат само позитивни искуства од неа.

Програмата може да биде предизвик и за искусните спортисти и атлетичари. Успесите варираат, но никој ја нема завршено програмата без видливи резултати.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина