За една од најголемите нутриционистички заблуди виновен е американскиот научник доктор Енсел Кејс, кој го поврзал користењето на заситените масти со срцевите заболувања кај возрасните. Денес, стручњаците сметаат дека неговата работа е полна со недостатоци, а дека основниот заклучок е погрешен. Тоа дело напишано од доктор Кејс во 50-те години на минатиот век отпрво не било прифатено ни од научната јавност, но на крајот медицинските здруженија и државните установи ги прифатиле неговите заклучоци, па започнала ерата на демонизирање на природните масти – на голема радост и задоволство на производителите на преработена храна.

Иако денес голем број на експерти ги сметаат неговите заклучоци за произволни, а Шведскиот совет за проценка на прехранбените технологии пред две години, врз основа на десетици илјади прегледани дела, заклучил дека обвинувањата кон заситените масти за срцевите заболувања е потполна заблуда, многу луѓе и денес веруваат дека заситените масти, дури и во природно здравите и хранливи намирници како што се јајцата и кокосовото масло, придонесуваат за срцеви заболувања. Тоа го тврдат и покрај сите докази кои денес укажуваат дека е сосема обратно.

 

Заситените масти ја зголемуваат големината на молекулот на ЛДЛ холестеролот

Нешто од кое луѓето најмногу се плашат кога се работи за заситените масти е нивната наводна склоност да ја зголемуваат количината на ,,лошиот,, холестерол (ЛДЛ, липопротеин со мала густина), кој е вклучен во артериосклерозата и кардиоваскуЛарните заболувања. Но, денес нашите знаења за холестеролот и неговата улога се многу поголеми отколку што тоа биле во 50-те години од минатиот век. На пример, денес се знае дека само малите честички од ЛДЛ холестеролот се поврзани со срцевите заболувања, но не и големите честички – а докажано е и дека заситените масти ја зголемуваат количината на ЛДЛ холестеролот со големите честички. Проучувањето објавено во списанието The American Journal of Clinical Nutrition утврдило дека внесувањето на заситените масти преку исхраната е поврзано со зголемените концентрации на поголемите ЛДЛ честички кај возрасните.

Истражувањата кои и понатаму се одвиваат укажуваат на тоа дека заситените масти всушност ја зголемуваат количината на ХДЛ (липопротеин со голема густина), кој е пак, ,,добриот,, холестерол кој го транспортира холестеролот од артериите во црниот дроб за од таму повторно да се искористи и исфрли од организмот. Едно истражување објавено во списанието Аrteriosclerosis & Thrombosis во 1992 година утврдило дека ,,кога се давале масни киселини наместо јагленохидрати, масните киселини го подигале нивото на ЛДЛ холестеролот, додека тој ефект се ,,намалувал со зголемување на количината на незаситени масни киселини.,, Овие резултати укажуваат на тоа дека, спротивно на вообичаеното верување, консумирањето на заситени масни киселини може активно да придонесе за кардиоваскуларното здравје.

 

Заситените масти можат да придонесат за слабеење

Уште едно верување кое постои е дека консумирањето на заситени масти дебелее. Но, тоа е само делумна вистина. Заситените масти ќе не здебелат ако ги јадеме во комбинација со намирници богати со јагленохидрати и рафинирани шеќери. Исхраната со голема количина на масти, а мала количина на јагленохидрати, како што е на пример палео или кетогената исхрана, дава одлични резултати во намалувањето на килограмите.

Досегашните проучувања на ова поле покажале дека некои масни намирници кога се земаат како додаток во исхраната можат да помогнат за слабеење. Бразилското истражување објавено во 2009 година во списанието Lipids утврдило дека жените кои дневно консумирале 3дл. Ккосово масло имале значително намалување на маснотиите околу стомакот. Тој ефект се припишува на големата концентрација на средносинџирести триглицериди во кокосовото масло, што е облик на заситени масти кои нашето тело ги метаболизира невообичаено брзо.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина