Состојки:

 

  • 4 поголеми келераби
  • нерафинирана морска сол
  • 1 лажица тамари сос
  • 1 шоља хељда
  • 1 голема главица кромид
  • 1 лажица масло од сусам или маслиново масло
  • 1/2 лажичка ким
  • 1/2 лажичка куркума
  • црвен пипер

 

 

Подготовка:

 

Излупете ги келерабите и отсечете им внимателно од долната страна еден мал дел, така што да бидат рамни и да можат стабилно да стојат во садот за печење. И горниот дел исто така порамнете го со нож, а потоа издлабете ги со лажица. Треба да бидат издлабени за да може да се полнат и ѕидовите да им се потенки од еден сантиметар. Исечкајте ги издлабените делови на поситни парчиња. Зовријте 3 шољји солена вода и во неа ставете ги издлабените келераби и варет ги околу 10-15 минути. Кога ќе се подварат, исцедете ги од водата и наредете ги во плех за печење. Во водата во која се вареа додадете го тамари сосот.

Хељдата измијте ја, а кромидот исецкан на ситно пропржете го малку на маслото од сусам, додавајќи му малку сол. Кога ќе добие кафеава боја, додајте ја измиената хељда и ситно исецканите делови од келерабите. Истурете им ја водата во која се вареа келерабите. Потоа додадете ги кимот, куркумата и црвениот пипер. По желба, може да се додаде и чили во прав. Хељдата варете ја во поклопен сад, на тивок оган, додека да омекне и да ја впие сета вода.

На крај, исечкајте неколку чешниња лук и магдонос и додадете ги кај хељдата. Со вака подготвената хељда наполнете ги обарените келераби. Вишокот фил распределете го околу нив.

Налејте им околу две шољи вода или бујон од зеленчук и ставете ги да се запечат во рерна на 180 степени околу 30-40 минути, односно додека не испари сета вода и зрната хељда не фатат кора. Тахини сосот разматете го со малку млака вода и со оваа смеса прелијте ги одозгора запечените келераби и вратете ги во рерната уште на 10 минути, додека преливот не се запече.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина