Калиумот е многу важен минерал, клучен за мускулната сила, функционирање на нервниот систем и здравје на кардиоваскуларниот систем. Покрај препорачаната дневна доза од 4.700 мг., може да се случи калиумот да падне во организмот. Затоа е многу важно да се преконтролира крвната слика, а притоа внимавајте и на следниве показатели.

 

Постојано сте уморни

 

На секоја клетка во организмот и е потребна одредена количина калиум за да може правилно да функционира. Поради тоа недостигот на овој минерал доведува до брзо заморување. Ако по некоја сосема вообичаена физичка активност многу брзо се заморувате и не можете долго време да закрепнете, а доволно спиете, можеби проблемот е во ниското ниво на калиум.

 

Висок крвен притисок

 

Калиумот помага при опуштање на крвните садови. Без доволно калиум, крвните садови се затегнати, што може да доведе до пораст на крвниот притисок. Затоа редовно проверувајте го, па ако постојано ви е висок, време е да ја проверите крвната слика.

 

Јадете многу грицки

 

Ако по цел ден јадете чипс или некои други солени грицки, знајте дека калиумот најверојатно ви опаднал. Солените производи се богати со натриум кои влијаат на зголемената потрошувачка на калиум.

 

Крути мускули и чести грчеви

 

Калиумот ја регулира подвижноста и флексибилноста на мускулите. Ако забележите дека во последно време мускулите ви се крути или ако често имате грчеви, тоа може да биде знак за ниско ниво на калиум.

 

Запек и неуредно варење

 

Ниското ниво на калиум ги забавува функциите на организмот, а меѓу другото и функционирањето на системот за варење. Надуеноста и запекот можат да бидат последица од различни фактори, а еден од нив е и ниското ниво на калиум.

 

Замаглен вид и вртоглавици

 

Забавената работа на срцето доведува до недостиг на кислородот кој оди до клетките во организмот, што може да доведе до вртоглавица, а понекогаш и чувство како да ќе се онесвестите. Ниското ниво на калиум секако не е единствена причина за ова, но е една од можните.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина