crn_drob_1

Името на оваа болест упатува на насобирање на масти во клетките на црниот дроб. Зголемениот број на заболени од оваа болест се должи на постоењето на вистинска епидемија на континуирано дебелеење кај луѓето. Дебелината преставува еден од главните фактори на ризик за појава на ова заболување. Меѓу оние кои најчесто заболуваат се вбројуваат мажите на средна возраст што имаат проблем со вишок на килограми. Исто така, неумереното консумирање на алкохол е вториот фактор за честата појава на стеатоза на црниот дроб. Статистиките велат дека помеѓу 10 и 35 проценти од алкохоличарите имаат замастен црн дроб. Ова заболување е поврзано и со шеќерната болест и со резинстенцијата на инсулин (состојба што претходи на дијабетес), како и со покачените маснотии во крвта- триглицеридите. Исто така користењето на големи количества на некои лекови (кортикостероиди), како и на некои витамини (преголеми дози на витаминот А) може да доведат до стеатоза. Таа понекогаш мозе да се појави и при бременоста кај жените.

Ова нарушување не смее да се запостави, затоа што ни најмалку не е наивна болест, а неговото напредување може да води кон цироза на црниот дроб, со што доаѓа до трајно оштетување на здравото ткиво и клетките, кои притоа се заменуваат со некорисно сврзнолузнасто ткиво, со што значително со ослабува работата на црниот дроб.

Препораки

Поголем број луѓе кои имаат замастен црн дроб немаат никакви тегоби, па затоа може да бидат несвесни за постоењето на овој проблем.Кога заболувањето ќе дојде во понапредна фаза, може да се појави замор, нагло губење на тежината и слабост. Во моментот, не постои специфична терапија за лекување на замастен црн дроб.

 

Најважните препораки што би ги дал лекарот се – намалување на телесната тежина ( тоа се однесува на оние со прекумерена телесна тежина), балансирана и здрава исхрана, зголемена телесна активност, избегнување на консумирање на алкохол и внимателно земање на лекови.

Губењето на вишокот килограми многу брзо може да ги поправи наодите на хепаталните проби, што е од особена важност доколку веќе се појавиле знаци на оштетување.

Обично луѓето со замастен црн дроб имаат и други проблеми, на пример покачен шеќер во крвта, покачен крвен притиок, зголемен холесторол, така што со редовна контролира на телесната тежина и придржување кон здрав начин на живот би му се помогнало на црниот дроб, но и на организмот во целина.