Истражувањето извршено на Универзитетот Бејлор, во Хјустон, САД, кое опфатило 1,5 милион мажи ширум светот, пкажало дека постои поврзаност помеѓу закривениот пенис при ерекција и развојот на карцином на абдоменот, кожата и тестисите.

 

Закривен пенис или Пејрониева болест настанува како последица на формирање вишок влакнесто сврзно ткиво внатре во пенисот, а почесто се јавува кај мажите кои имаат повеќе од 40 години. Освен закривеност, овој проблем е проследен и со болни ерекции.

 

Освен тоа, многу поголем проблем претставува ризикот од заболување од некои други болести покрај Пејрониевата, покажало најновото истражување – за 40% е поголем ризикот од развој на рак на тестисите, за 29% поголем е ризикот од развој на меланом и за 40% е поголема опасноста од развој на карцином на абдоменот.

 

Со оглед на овие резултати од истражувањето во Хјустон, мажите не би требало да го запоставуваат проблемот кој го имаат, да не се срамат и задолжително да се обратат на доктор.

 

Не е сосема утврдено зошто доаѓа до закривеност на пенисот, но досега се покажало дека до овој проблем може да дојде поради мали повреди на крвните садови во пенисот, кои можат да се јават и за време на полов однос, потоа од спортување некаков спорт или од некоја друга повреда. При процесот на оздравување, крвните зрнца и другите клетки се заробени на местото на повредата, што доведува до насобирање на ткивото.

 

Меѓутоа, не значи дека секој маж кој случајно ќе го повреди својот полов орган ќе го добие овој проблем. Докторите велат дека на него може да влијае и наследниот фактор.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина