Со оглед на тоа што постојано не демнат опасности од грип, настинки и разни вирусни заболувања, треба нашиот имунолошки систем да го држиме подготвен. Всушност, човек може да се разболи било кога, без разлика на годишното време, а посебно ако редовно тренира, а внесува мал број калории. Затоа, дознајте како можете да го подобрите имунитетот, а и понатаму да продолжите да тренирате напорно и редовно.

Бета 1 3-D Глукан е полисахарид кој се добива од квасецот. Голем број истражувања имаат покажано дека тој, покрај тоа што е сиромашен со холестерол, исто така може и да го подобри имунитетот. Глутаминот е неесенцијална аминокиселина, која во голем амерка се наожа во мускулите. Меѓутоа, нејзината количина во телото се намалува под влијание на некоја траума, инфекција, хируршки зафат или физички стрес. Тој е од големо значење за оние кои имаат напорни тренинзи, оние кои долго време минуваат на работното место или кои долго време учат, а кои не спијат доволно. Исто така, истражувањата покажуваат дека маратонците, на пример, поретко заболуваат од грип и настинки ако земаат големи количини глутамин по трките.

Аргининот исто така претставува неесенцијална аминокиселина, но таа условно се смета за есенцијална, затоа што го зголемува излачувањето на хормонот за раст. Студиите покажуваат дека оваа аминокиселина може да го зголеми дејството на глутаминот и така да го подобри имунитетот.

Астрагалусот е растение која традиционално се користи во кинексата медицина поради тоа што има својство да го подобри имунитетот. За неколку состојки од ова растение се верува дека претставуваат потенцијални активни состојки, вклучувајќи ги флавоноидите и полисахаридите. Иако се смета дека може да се консумира во неограничени количини, сепак е забележано дека може да предизвика заболување на цревниот тракт и дијареја. Најдобро дејство има кога се комбинира со други додатоци, кои го стимулираат имунолошкиот систем.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина