Биоритамот го покажува нашето однесување во секојдневниот живот. Тоа е променлива категорија која се менува на секои два часа. Еве како можете да го пресметате биоритамот и како да пронајдете едноставен начин за да загубите од тежината. Неопходно е да се соберат датумот и месецот на раѓање, така што да се добие еден број. На пример, ако сте родени на 13 август, тогаш можете да го пресметате својот биоритамски број на следниов начин:

1 + 3 + 8 = 12
1 + 2 = 3

Во тој случај вашиот биоритам ќе биде 3.

 

Биоритам 1
Овој број е најсложен и овие личности такви се кога се работи и за храната. Тие само го сакаат најдоброто од животот, бидејќи мислат дека тоа им припаѓа, а исто така го ценат и квалитетот на храната. Сакаат ексклузивни јадења, на кои не можат да им одолеат. Хлорофилот е многу важна компонента на храната која треба да ја консумираат луѓето чиј биоритамски број е 1. Исто така многу е важно да внесуваат големи количини зеленчук.

Биоритам 2
Биоритамскиот број 2 ги сака сите видови слатки и колачи, кои ги ублажуваат љубовните проблеми и искушенија. Што се однесува до храната, не се пребиливи, но поради чувствителниот желудник треба да одбегнуваат премногу зачинета храна. Им се препорачува храна во жолта боја: пиперки, компири, тикви, банани и др.

Биоритам 3
Членовите со бројот 3 многу уживаат во храната и често се борат со вишокот килограми. Нивната исхрана треба да биде збогатена со овошја и зеленчук во виолетова боја. Најмногу сакаат шпагети, лазањи и слични јадења, често и масти.

Биоритам 4
Членовите со број 4 се многу скромни кога се работи за храната. Тие често јадат тоа што е потребно и не јадат премногу. За нив идеална храна е онаа со бела боја. Уживаат во храна направена од тесто.

Биоритам 5

Вечни деца, луѓето со биоритам број 5 се секогаш во чекот со времето и први го прифаќаат секој нов тренд во храната. Овие луѓе сакаат да готват нови јадеања и нови рецепти, а исто така се и многу пребирливи. Јадат неколкупати на ден. Исто така ги привлекуваат егзотични јадења.

Биоритам 6
Членовите со овој број имаат голем апетит. Не е лесно да се задоволат, бидејќи се големи гурмани и многу се добри во кујната. Најважна им е убаво сервирана храна, но која воедно е и вкусна и разновидна.

Биоритам 7
Луѓето со биоритам 7 се љубители на вегетаријанската и макробиотичката кујна. Треба да користат овошје и зеленчук во големи количини и на тој начин да ги одбегнуваат киселите плодови. Идеален избор за нив ќе биде зеленчукот или некој необичен специјалитет од растенија.

Биоритам 8
Луѓето со овој биоритам се склони се да преувеличуваат. Тие сакаат зачинета храна и да се напијат по некоја чаша виски. Обожаваат месо, но подобро е да се фокусираат на јадење овошје и зеленчук.

Биоритам 9
Деветките имаат голем апетит. Сакаат свежа храна, подготвена од овошје и зеленчук. Не се пребирливи кога се работи за храната. Им се препорачува овошје и зеленчук во индиго боја. За нив е важно храната да е вкусна, средно лута и во големи количини. Покрај оброкот сакаат да се напијат и чаша добро вино.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина