Заборавате често? Сте тргнале во кујната по нож од дневната соба и веќе сте заборавиле по што сте тргнале. Ако неброен број пати сте се нашле во таква ситуација, од сега можете да бидете горди, бидејќи вие спаѓате во групата на високо интелигентни луѓе! Стручњаците дошле до овој заклучок со спроведување цела низа истражувања. Тие откриле дека ,, лошата меморија,, е всушност механизам кој мозокот го користи за да создаде простор за порелевантни информации.

Нашиот ум ги ,,заборава,, овие информации, бидејќи смета дека не се толку важни, и со тоа го ослободува просторот за помнење за поважни нешта. Значи, ако мозокот проценил дека лесно ќе ја завршите својата работа, ги брише од меморијата непотребните информации и отвора можност за прием на други. Ако мозокот процени дека за вршење на задачите ќе ви треба повеќе време и работа, ќе ги складира сите информации потребни за извршување на задачите.

Значи, ако имате проблеми со помнењето, тоа не мора нужно да биде лош знак. Препораката е одвреме – навреме да се исчисти умот, a тоа можете да го постигнете со телесни вежби. Телесните вежби го зголемуваат бројот на неврони во хипокампусот, што помага да се елиминираат непотребните информации.

Заборавањето може да биде знак дека мозокот го прави токму она што би требало. Ако не можете да се сетите каде сте го оставиле мобилниот телефон, можеби тоа и не е толку важно. Сигурно ќе го пронајдете.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина