Самиот термин ,,здрава храна,, се има толку многу одомаќинето и толку многу е злоупотребуван, што не е чудно што постојат толку многу заблуди за здравата храна.

Всушност, не постои здрава храна. Постои само здрава исхрана. Секој организам е поинаков, па од тука самата поделба на храната на здрава и нездрава е опасна класификација. Речиси секоја храна може да биде здрава за еден човек и нездрава за друг. За оние кои имаат целијалија, парче ржан леб е нездрава храна. За болни од дијабетес, и овошјето може да биде нездрава храна. За оние, пак кои немаат никаки здравствени проблеми, едноличната исхрана, или храната која се консумира долготрајно, а со која не се внесуваат во телото сите потребни нутриенти, е нездрава храна.

Еве неколку митови за тоа што е здраво.

 

МИТ БР. 1 ЗДРАВАТА ХРАНА ЈА КУПУВАМ ОД ПРОДАВНИЦИ ЗА ЗДРАВА ХРАНА

Во овие продавници се продава сешто. Заблуда е дека таму ќе најдете поздрава храна. Проблемот е во тоа што честопати производите немаат декларација и што таму ќе наидете на скапи и невкусни производи кои ќе ви ги продадат под паролата дека се поздрави. Кексот на кој му истекол рокот на употребаос стоење на полиците во ниеден контекст не е здрава храна.

Луѓето најчесто се свртуваат кон овие продавници кога сакаат да ослабнат. Жолтиот шеќер, глукозата, фруктозата, малтексот, сурупот од агава и др. се само форми на шеќер. Диет, лајт, фитнес, слим и останатите производи најчесто имаат намалена количина на масти во однос на конвенционалните производи, но освен тоа што се помалку вкусни можат да имаат и повеќе калории или шеќери одошто сте мислеле. Затоа, секогаш читајте ја декларацијата. Секако, ако воопшто ја има.

 

МИТ БР. 2 ЗДРАВАТА ХРАНА ЈА КУПУВАМ ОД ПАЗАР

Ретко кој знае што всушност купува на пазар. Дали зелјето е набрано покрај автопат и дали е преполно со тешки метали од издувните гасови е тешко да се процени. Не можете да знаете ниту кој од продавачите каков вид на агротехнички мерки има применето, каде е одгледуван производот, со што и колку е прскан. Не знаете дали бабичката што ви ги продава јаболките ги има набрано од нејзината градина или ги купила на големо.

Плантажно одгледуваната храна се одгледува во строко контролирани услови, а тоа знаќи дека пестицидите, инстектицидите и останатите средства се користат онолку колку што е потребно – не повеќе од тоа. Одењето на пазар може да биде забавно, но ако мислите дека тука ќе најдете здрава храна, тогаш сте во голема заблуда.

 

zdrava-hrana-mitovi2

 

МИТ БР. 3 ОРГАНСКАТА ХРАНА Е ПОХРАНЛИВА

Направени се бројни истражувања со цел да се направи споредба помеѓу обичната и органската храна. Од една страна се оние кои тврдат дека органската храна е поздрава, бидејќи е нутритивно повредна. Од друга страна, некои сугерираат дека оваа храна е всушност помалку здрава, затоа што во неа може да се најде поголема количина на микотоксини (отровни супстанции кои произведуваат мувла) поради некористење на пестициди. Едни истражувања покажуваат дека некоја органска храна, како доматот, има поголема содржина на одделни нутриенти, додека друга, како на пример органскиот овес, има помалку нутриенти од вообичаено. Што се однесува до микотоксините, и тука истражувањата варираат од производ до производ и од година во година. Гледано во глобала, што се однесува и до хранливоста и до микотоксините, нема значајна разлика помеѓу органската и конвенционалната храна.

 

МИТ БР. 4 ИНДУСТРИСКАТА ХРАНА НЕ Е ЗДРАВА

Заблудата за здравата храна, која се провлекува низ сите гореспоменати митови, е дека се слабее од ,,здравата храна,,. Во тој контекст, здрава храна е секоја индустриски непреработена храна. Многу популарни диети во некој облик го употребуваат геслото дека ќе ослабете ако јадете ,,здрава храна,,, а не јадете индустриски преработена храна.

Тоа е точно. Ако пристапот до храна ви е ограничен и имате мал избор, бидете уверени дека ќе ослабнете. Индустриска храна не се само кока-кола и чипсовите. Асортиманот на индустриска храна е голем, а што ќе изедете и во која количина зависи исклучиво само од вас самите. Затоа, многу е воопштено ако кажеме дека индустриската храна е нездрава, бидејќи и во рамките на неа можеме да направиме избор. Во индустриската храна нема ништо скриено од кое можеме да се здебелиме. Не постои никаква тајна ниту глобална завера на прехранбената индустрија.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина