Зголемена телесна тежина, намалена сексуална желба, несоница и разни болки, се само некои од тегобите чија причина може да биде хормонско нарушување. Затоа е важно на време да се препознаат синдромите.

Се во човековото тело е под влијание на хормоните, чии многу мали дози управуваат со нашето расположение, однесување и со функцијата на одделни органи. Ако овој сложен систем ,,се расипе,, последиците може да бидат изразени во облик на поелсни или потешки здравствени тегоби.

 

Хипоталамус

 

Оваа жлезда е сместена во мозокот, а управува со сексуалната жлезда, чувството на глад, жед, телесната температура, дишењето и срцевиот ритам. Посебно е важна бидејќи делува како внатрешен часовник во организмот и управува со сите животни функции.

Нарушување: се толкуваат подеднакво како нарушувања на хипофизата, бидејќи збирот на меѓусебни делувања се нарекува оска хипоталамус-хипофиза.

 

Епофиза

 

Оваа жлезда е сместена во самото средиште на мозокот, а нејзината улога е значително непозната. Најпознатиот хормон кој го произведува е мелатонинот, хормон кој управува со циклусите на сон и будност.

Нарушување: Познато е дека влијае на репродукцијата на животните, но нарушувањата и нивните последици кај луѓето не се познати.

 

Штитна жлезда

 

Оваа важна жлезда е сместена на дното од вратот. Произведува хормони кои влијаат на растот, производството на телесна енергија и брзината на метаболичките процеси во телото.

Нарушување: Се разликуваат со оглед на тоа што штитната жлезда работи пресилно или преслабо. Кај послаба работа се јавува забавеност на метаболизмот,  а кај силна – забрзаност. И за двете нарушувања карактеристично е засилено чукање на срцето, слабеење на ноктите и косата, нарушувања во менструалниот циклус и нагли помени на телесната тежина.

 

Паратироидна жлезда

 

Се работи за четири мали жлезди кои се наоѓаат покрај штитната жлезда, а произведуваат хормони кои влијаат на метаболизмот на калциумот.

Нарушување: Поради недоволното работење може да дојде до чувство на трнење, губење на чувството во стапалата и дланките, а во критична ситуација и до привремена парализа. Кај прекумерно работење на оваа жлезда може да дојде до настанок на бубрежни каменчиња или скршеници на коските.

 

Панкреас

 

Оваа важна жлезда се наоѓа во горниот дел од стомачната шуплина. Нејзината функција е контрола на нивото на шеќер во крвта со отпуштање на хормоните инсулин и глукагон.

Нарушување: Најчест симптом е промена на телесната тежина, постојано чувство на жед, малаксаност и други знаци кои упатуваат на појава на шеќерна болест.

 

Надбубрежна жлезда

 

Оваа жчезда се наоѓа над бубрегот, а се дели на средишен дел и кора. Одговорна е за призводството на хормоните кортизол и кортизол, но е заслужна и за мала количина на машки и женски полови хормони како и за хормонот за стрес – адреналинот.

Нарушување: Кај зголемено работење доаѓа до прекумерно создавање на андрогени стероиди, односно тестостерон и слични хормони. Тогаш доаѓа до зголемена влакнетост кај мажите и жените, појава на акни, јакнење на либидото и нарушувања во менструалниот циклус.

 

Јајчници

 

Овој парен орган е задолжен за репродукција, но и за оддржување на рамнотежата на половите органи кои ги произведува. Јајчниците го регулираат менструалниот циклус, овозможуваат созревање и отпуштање на јајчните клетки и ги произведуваат хормоните естроген и прогестерон.

Нарушување: Најчесто се работи за синдром на плицистични јајчници, за кои е типичен нерегулиран – скратен или продолжен менструален циклус, зголемена влакнетост, појава на акни, неплодност и дебелеење околу стомакот.

 

 

Тагови: хормони
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина