Бананите се исклучително многу богати со калиум и се едно од омилените видови овошја. Единствено што иритиа на бананата се нејзините долги тенки влакна (флоемски снопови), кои имаме обичај да ги вадиме заедно со кората.

– Всушност, овие делови од кората се многу важни и треба да се јадат заедно со бананата – тврди доктор Николас Гилит, автор на истражувањата и директот на Институтот за прехранбена технологија Dole. Причината поради која влакната од бананите се толку многу важни се крие во нивнотоиме – флоемски снопови.

Флоемот е едно од двете видови транспортни ткива кои се наоѓаат во сите растенија и тоа им овозможува на хранливите материи и другите супстанции да се распределат долж целото растение. Кај бананите токму тие ,,жилички,, се причината поради која хранливите состојки допираат до целиот плод – што овозможува да прераснат во овошјето кое го познаваме, и се неопходни. Можат да се јадат и имаат подеднаква нутритивна вредност како и самиот плод. Всушност, факт е сдека тој дел од кората содржи повеќе влакна од самиот плод.

– Генетски е можно да се модифицира овошјето за да се спречи создавањето на ленти, но за да се истражи тоа треба да се вложуваат многу средства – додаде Гилит.

Тагови: банани
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина