Вазелинот е еден од оние производи кои се потценуваат многу често, иако овој евтин и едноставен гел може да направи многу за нас. Тој е основа на многу скапи креми, но може да се искористи и за уште многу други практични нешта.

1. Долготраен мирис на парфемот

Пред да го ставите омилениот парфем, ставете малку вазелин на местото на кое сакате да го нанесете. Парфемот нема толку лесно да испари.

2. Совршени веѓи

Доколку имате проблематични веѓи, одосно влакна на нив кои постојано се поместуваат и ви ги прават веѓите неуредни, ставете тенок слој вазелин на нив и нема повеќе да го имате овој проблем.

3. Испукани усни

Вазелинот е еден од најдобрите хидрирачки средства, па слободно може да се користи како лабело. Усните ќе бидат негувани, хидрирани и сензуални.

4. Преубави долги трепки

Ако сакате да имате негувани и долги трепки, исперете ја убаво старата четкичка од маскара и на неа намачкајте тенок слој вазелин, а потоа нанесете го на трепките. Повторувајте ја оваа постапка повеќе денови по ред, и промената е загарантирана.

5.Во случај на потрошена шминка

Се подготвувате за излегување, но сте заборавиле дека сте го истрошиле омиленото руменило или сенка. Остатоците шминка кои ви преостанале помешајте ги со малку вазелин и нанесете го на лицето. Никој нема да забележи.

6. Меки стапала

Вазелинот е одличен за нега на испукана кожа, па доколку имате проблем со кожата на стапалата, вазелинот е одлично решение. Совет е само по неговото нанесување да облечете чорапи, за да може да се задржи подолго на кожата.

7. За вадење шминка

Ако имате чувствителна кожа и реагирате на препаратите за вадење шминка, вазелинот е одлично решение. Овој производ не само што нема да ви предизвика никаква реакција, туку е и одличен за вадење шминка која не се вади лесно.

8.По депилација

Кожата ви е црвена и иритирана по депилација? Намачкајте го иритираниот дел со вазелин и оставете го да се впие во кожата. Црвенилото веднаш ќе исчезне.

 

9. Испукани врвови

Ако не сакате да ја стрижете косата поради испуканите врвови и сакате да ја пуштите долга, вазелинот е решение. Само намачкајте ги краевите со него, со што привидно ќе ги прекриете испуканите врвови, додека да се подготвите за нова фризура.

10. Флеки од шминка

Сличајно сте ја намачкале облеката со руменило. Ставете малку вазелин на флеката и протријте. Флеката веднаш ќе исчезне.

11. Ставање обетки

Ако понекогаш ве боли ставањето и вадењето обетки, намачкајте го дупчето со малку вазелин. Болката веднаш ќе исчезне.

За што уште се користи вазелинот?

Вазелинот ги спречува оштетувањето на кожата добиени под влијание на ветер, ги ублажува симптомите на псоријаза и кожни алергии, егземи, хемороиди, се користи како интимен лубрикант, за нега при машки кожни болести, спречува крварење од нос, а со него може да се спречи вдишување на полен од воздухот ако се намачкаат ноздрите. Може да се користи како заштитно средство за време на бојадисување на косата, со цел бојата да допре до кожата или на некоја чувствителна работна површина. Со него може да се отстрани мастика за џвакање од косата или да се извади претесен прстен од раката.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина