За добри резултати не е доволно само да се оди во теретана, да се трча или да се занимавате со спорт. Важни е и како го правите тоа, а личните тренери предлагаат посебно да обратите внимание на следниве работи.

Време

Малку, малку, па на ,,јутјуб,, ќе излезе некоја нова програма за вежбање која ветува ,,плочки,, за две недели. Но, волшебните стапчиња не функционираат. За вистински резултати потребно е време. Иако новите тренинзи изгледаат примамливо, ништо не може да ги замени веќе докажаните вежби, како што се склековите, издржувањата и исчекорите.

Квалитет

Како и во другите области во животот, квалитетот е многу поважен од квантитетот. Со желба за што побрзо да дојдат до резултати, многумина грешат, бидејќи инсистираат на голем број повторувања. Тоа е важно, но уште е поважно како ја правите вежбата.

Пауза

Секојдневното вежбање е уште една грешка. На мускулите им е потребен одмор за да можат да се регенерираат, па затоа барем два пати неделно не одете во теретана. Исто така, водете сметка за спиењето, посебно по 35 – та година од животот, кога мажите произведуваат помалку тестостерон. Тренинзите за сила во комбинација со квалитетниот сон го подига нивото на тестостерон.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина