Да се одбере диета која ќе даде добри и, по можност, трајни резултати, е подеднакво тешко и како и придржувањето до истата. Иако на пазарот има еден куп диети, оние најуспешните се базираат на познавањето на функционирање на метаболизмот и на организмот. Една од нив е ХЦГ диетата.

 

Занимавајќи се со биорезонантата, доктор Џанет Гуриќ се едуцирала за примената на оваа диета, која трае 4 – 6 недели. Пациентите со неа губат од 8% до 10% од својата телесна тежина, а притоа телото останува сочувано од губењето мускулна маса, додека масното ткиво од проблематичните делови се топи.

 

Во што е посебноста на оваа диета?

 

Пред се, ХЦГ диетата е осмислена врз база на функционирањето и познавањето на човековиот организам, така што не остава никакви штетни последици, а после неа нема непожелен јо-јо ефект. Иако исхраната е редуцирана, оваа диета со помош на ХЦГ глобулот спречува да дојде до губење на мускулите, кои кај обичните диети се први кои се губат. Комбинацијата од ХЦГ диетата и биорезонатната терапија им помага на пациентите да го оддржуваат телото во баланс и да ги одбегнат сит еоние негативни последици од ограничената исхрана, како што е безволноста, чувството на глад, потиштеноста и слично. На тој начин килограмите се губат многу лесно и ефикасно, и тоа во просек околу тристотини грама дневно, а притоа поединецот се чувствува добро.

 

Безбедност на ХЦГ диетата

 

Оваа диета се базира на бројни студии и клинички испитувања, но е прилагодена на секој пациент во зависност од староста, полот, тежината и евентуалните пречки од кои тој се лекувал или се уште се лекува. Освен тоа, се спроведува под лекарска контрола,што значи дека пациентот не прави ништо ,,на своја рака,,. При диетата се препорачува умерено вежбање, бидејќи оној кој е на диета всушност добива сила и воља за физичка активност.

 

Протоколот на ХЦГ диетата

 

По мерењето и биорезонантната дијагностика, пациентот добива ХЦГ глобули обработени со биорезонантата, како и биорезонантна терапија на која тој доаѓа секоја недела, во текот на еден месец. Во наведениот период, пациентот се става на редукциска диета, која вклучува само 600 – 700 калории дневно, што во нормални услови е всушност многу тешко, речиси невозможно, а доколку и успеете, доаѓа до голема загуба на мускулната маса, па како последица на тоа се јавува т.н. јо-јо ефект.

 

Кај ХЦГ диетата, со помош на биорезонатната терапија и ХЦГ глобулите пациентот го губи чувството за глад и се чувствува полетно и добро, првенствено благодарение на мобилизацијата на тврдокорните масни наслаги, а ХЦГ глобулите го спречуваат губењето на мускулите за време на редуцираната исхрана.

 

 

Зачувување на мускулите

 

 

Со подигање на нивото на хормоните во телото, вклучувајќи го и тестостеронот, ХЦГ хормонот создава анаболика состојба (градење мускули) кое ја неутрализира катаболичката состојба (мускулен пад). Овој сегмент од диетата е особено важен, бидејќи за време на брзо и драматично губење на килограмите во вообичаените диети се губи и голема количина мускули. А, бидејќи мускулот е сам по себе тежок, оваа загуба се чини добро само на вагата.

 

Знаете и сами – кога ќе ги загубите мускулите, тоа е најголема загуба за телото, посебно за неговиот облик и за целиот метаболизам. Ваквата диетална програма штити од губење мускули, кои се важни за посилен метаболизам и кои подоцна ќе им помогнат на пациентите да ја задржат својата нова состојба, и тоа долго време по завршување на редуцираната исхрана.

 

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.