Во модерното општество, секој е зависник од Интернетот. Тоа ни го олесни и појавата на Wi-Fi безжичните врски. Сепак, кога се работи за нашата безбедност, компаните коишто произведуваат Wi-Fi рутери треба да следат некои строги норми со цел овие уреди да бидат безбедни за нашето здравје. Ова се неколку факти кои се однесуваат на безбедноста на безжичните уреди и Wi-Fi рутерот:

 

Првото нешто што треба да се истражи е начинот на кој уредот е споен со рутерот без кабел. Безжичните уреди како мобилните, таблетите и лаптоповите, емитираат WLAN сигнал (електромагнетни бранови) за да се спојат со рутерот. Меѓутоа, овој сигнал го оштетува здравјето на повеќе начина. Британската здравствена агенција спровела истражување кое покажало дека рутерите го загрозуваат здравјето на нас луѓето, но ги уништуваат и растенијата.

 

Ова се некои од последиците од изложувањето на Wi-Fi сигналот:

  • проблеми со концентрацијата
  • болка во ушите
  • чести интензивни главоболки
  • хроничен замор
  • проблеми со спиењето

Меѓутоа, факт е дека не можеме во целост да го одбегнеме корстењето на најновите технологии. Затоа, не можеме да советуваме да престанете со користење на безжичните уреди и Wi-Fi рутерите, но можеме да предложиме неколку корисни совети за тоа како да се ограничи нивното штетно делување и да се намалат нус-појавите од нив:

  • погрижете се да ги исклучите Wi-Fi програмите пред да си легнете
  • не треба да го држите рутерот во кујната или спалната соба
  • кога сте дома, користете телефони со кабли, со цел да ги намалите електромагнетните бранови
  • исклучете го Wi-Fi кога не го користите, бидејќи на тој начин можете да ги користите електромагнетните бранови кои делуваат неповолно врз развојот на децата.

 

Тагови: wi-fiЗдравје
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина