На сите ни е познато чувството на замор и “магла,, во главата, а тоа се симптоми на нарушување на варењето. Емоционалните и психолошки фактори можат да предизвикаат проблеми со цревата, во кои се сместени околу 100 милиони нерви.

Цревната флора е збир оддобрибактерии кои живејат во цревата. Тие придонесуваат за имунорегулација, за пропустливост на ѕидот на цревата и варење на храната, синтеза на нутритиентите и витамините и испраќаат сигнали за глад и за ситост кон мозокот.

Воспалението во цревата го нарушува системот на пропустливост на разградените материи во крвотокот (преку ѕидот не цревата) бидејќи доаѓа до опуштање на меѓуклеточните врски, a тоа ја зголемува пропустливоста и на некои токсини. За воспаленијата придонесува и зонулинот од пченицата, додека аглутинот може да ја зголеми цревната пропустливост за штетните материи, бидејќи го поттикнува воспалението на цревата. Пченичните протеини се иританти и во цревата предизвикуваат воспалителен одговор, што доведува до надуеност, запек, пролив, желудочни киселиниНашиот микробиом е чувствителен, па како што сме во текот на животот изложени на стрес, токсини, разни хемикалии, некои диети, но и на вежбање, микробиомот флуктуира од добар до лош.

Комплексен систем

Но, бактериите во цревата играат значајна улога  за физичкото  здравје благодарение на нивната сопствена неврална мрежа т.н. цревен нервен систем (enteric nervous system, ENS).
Тоа е комплексен систем кој се состои од околу 100 милиони нерви, кои се сместени во слузницата на цревата. Уште го нарекуваме и “втор мозок” бидејќи настанува од истото ткиво како и средишниот нервен систем и има структурна и хемиска сличност со мозокот. Комуникацијата на мозокот и цревата донесува складност. Се проценува дека имаме од 400 до 600 милиони неврони (нервни клеткиво нашите црева, а тоа е три пати повеќе неврони отколку што ги има во мозокот на стаорцитеНе сме свесни за своето ,,размислување со цревата,, но тој систем произведува околу 95% серотонин и 50% допамин кој се наоѓа во телото.

Поврзаноста, односно комуникацијата на “двата мозоциовозможуваат складност на хормоните, невротрансмитерите и електричните импулси кои патуваат низ нервните патишта, а кои ги вклучуваат ендокрините т.е. имуносните и невралните патишта. Тоа значи дека емоционалните и психолошките фактори можат да предизвикаат симптоми во цревата предизвикувајќи проблеми без јасна физичка причина т.н. гастроинтестинални нарушувања во придвижувањето и контракцијата на цревата кои предизвикуваат болки, воспаленија и други цревни симптоми.

Ваквите нарушувања е речиси невозможно да се лекуваат без анализа на психолошките предизвикувачиЦревата влијаат на размислувањето. Најновите истражувања покажуваат дека анкциозните и депресивните луѓе можат да развијат проблеми со цревата како IBS-a (синдром на иритирани црева – irritable bowel syndrome). Тоа е посебно значајно, затоа што од 30% до 40 % од луѓето имаа функционални проблемиАктивностите во системот за варење можат да влијаат и на когнитивните функции (размислување и помнење).

 

Здравјето на нашиот мозок многу зависи од низата навики кои влијаат и на здравјето на цревата, во најголема мерка на прехранбените. Подобрувањето доаѓа со редуцирање на шеќерот и рафинираните јагленохидрати и земањето на пробиотици.

Што се однесува до пченичните протеини, најпознато е воспалението предизвикано од глутенот кај оние луѓе кои имаат целијакија или пречувствителност на глутен. Но, и оние кои не се посебно чувствителни на глутен најчесто имаат слични тегоби кои се помалку изразени во облик на хронични, повторувачки цревни тегоби.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина