caj_naslovna

Земјата на чајот е Кина, а неговата употреба е врзана за 10 в.п.н.е. Тој се приготвува со неколкуминутно киснење во врела вода на листови, цветови или стебленца од чајната билка (лат. Camellia sinensis). Четирите основни видови на вистински чај се црниот, зелениот, улонг и белиот чај. Секако постојат и билни или билно-овошни чаеви, кои во суштина претставуваат инфузии од овошки и билки кои не содржат Camellia sinensis, како што е камилицата, кантарионот, шипинката, хибискусот,липата, нането и слично.

Чајот е природен извор на аминокиселината теанин, метилксантини, како и стимулансот кофеин (околу 3 отсто од сувата мера), мали количества теобромин и теофилин и полифенолски антиоксидантски катехини.

Чајната билка претставува зимзелено растение, на кое му е потребна тропска или суптроскa клима, со најмалку 127 сентиметри врнежи годишно. Покрај ова, на растението му одговаараат кисели почви и надморска височина од 1500 метри. Интересно е што се берат само првите 3-5 см листови и пупки од зрелото дрво, и тоа во неколку наврати, на секои десетина дена, за време на сезоната на растење. Се користат две главни сорти, малолисното кинеско растение C.sinensis sinensis и големолисното асамско растение C.sinensis assamica.

Традиоционално, чајот се разликува по производствената техника, а најпознати се белиот, зелениот, црниот чај и улонг.

Легенди за чајот

Според легендите, изумител на чајот бил легендарниот кинески цар Шеннунг, кој за време на своето владеење посветувл големо внимание на медицината и земјоделството. Некаде во 2737 година п.н.е. во една пригода, додека пиел жешка вода во природа, од блиското дрво му паднале неколку листови во чашата. Гледајќи како течноста ја менува бојата, Шеннунг пробал од новиот пијалак, изненадувајќи се од пријатниот вкус и закрепнувачките својства.

Според друго верување, употребата на чајот се раширила со Будизмот благодарение на Бодидарма, кој бил основач на школата Зен Будизам, во периодот на владеењето на династијата Танг. Имено, медитирајќи пред еден зид цели девет години, се случило да заспие, па разочаран од својата слабост, како казна си ги исекол трепките. Откако паднале на земјата, тие пуштиле корени од кои израснале грмушки чај. Трета, повторно будистичка легенда, вели дека пронаоѓач на чајот бил Гаутама Буда, откако се случило неколку листови од некое растение да завршат со лонче во вода која вриела.

7 причини зошто да пиете чај

Го зајакнува имунитетот

Едно истражување покажува дека чајот, зајакнувајќи го имунолошкиот систем, успешно се бори против инфекции. Две групи од по 20 испитаници имале задача да пијат п неколку ѓолји чај, односно по неколку жолји кафе во текот на еден месец. Резиултатите покаале дека кафеџиите биле многу понеотпорни на инфекциите одошто оние кои нпиеле чај.

Штити од срцев и мозочен удар

Зголемениот холестерол е честа причина за срцев и мозочен удар, а чајот помага да се спречат овие, често фатални проблеми.Истражување кое траело цели 5 години покажале дека луѓето што пијат по 2-3 шолји црн чај дневно имаат за 70 отсто помал ризик од кардиоваскуларни заболување за разлика од оние кои воопшто не консумираат чај.

Ги чува коските и забите

Со стареењето коските стануваат слаби и кршливи, па остеопорозата станува често заболување. Една студија покажала дека лицата кои редовно консумираат чај имаат посилни коски во споредба со оние кои не пијат, а причината за тоа се најверојатно фитохемикалиите кои ги содржи чајот. Покрај ова, благодарение на флуоридот кој се содржи во чајот, забите стануваат поотпорни на кариес. Секако, тука зборуваме за консумирање чај без шеќер, бидејќи шеќерот кој го додаваме на чајот им е најголем непријател

Штити од карцином

Благодарение на полифенолите и антиоксидансите кои ги содржи чајот, чајот е потенцијален заштитник од рак, доколку се консумира секојдневно. Покрај ова, антиоксидансите го прочистуваат телото, го заштитуваат организмот од слободните радикали, воедно чувајќи го од стареење.

Чајот има помалку кофеин од кафето

Кафето има речиси 3 пати повеќе кофеин од чајот. Една чаша кафе содржи околу 135 мг кофеин, чајот содржи околу 30 до 40 милиграми кофеин. Ако кафето ви предизвикува главоболка, чувство на тресење на телото или несоница-преминете на пиење чај.

Смирува и опушта

По напорниот ден, а благодарение на аромата,вкусот, топлината и состојките во него, чајот има способност да ве релаксира по напорниот ден. Покрај ова, тој има дури 3 пати помалку кофеин од кафето (една шолја чај 40 мг кофеин наспроти 135 мг кофеин во една шолја кафе), па се избегнуваат последиците од премор, главоболка, несоница и слично.

Го забрзува метаболизмот, а не дебелее

Бавниот метаболизам и проблемите со намалување на вишокот килограми се современ проблем. Зелениот чај го забрзува метаболизмот, па овој може да согори стотина калории повеќе. Покрај ова. Чајот не содржи калории, но доколку не му додадете шеќер, мед или млеко.

Тагови: чаеви