Доколу претерувате со возењето велосипед, можете да ја загрозите сексуалната чувствителност. Секоја физичка активност е одлична за здравјето и изгледот, но една толку едноставна и популарна вежба би можела лошо да влијае на вашиот сексуален живот. Се работи за возењето велосипед, и тренажен и класичен.

Имено, резултатите од едно истражување објавено во списанието “The Journal of Sexual Medicine”, покажува дека премногу време поминато на велосипед може да ја десензивитира вагината, односно да го наслабне сексуалното искуство. Во истражувањето зеле учество жени кои се занимавале со трчање и со велосипедизам, а условот бил сите да поминат најмалку по 16 километри дневно. Притоа било откриено дека оние велосипеди кај кои воланот бил поставен пониско од седиштето доведуваат до поголем притисок на половиот орган, и дека тоа повеќе влијае на губењето на гениталната чувствителност.

Меѓутоа, овој проблем не се поврзува исклучиво само со припадничките на понежниот пол кои имаат страст кон велосипедизмот. Недостигот на полова чувствителност може да се појави и кај мажите, а во крајни случаи може да доведе дури и до еректилна дисфункција. Сепак, не мора во целост да се откажете од уживањето во овој спорт, само да не претерувате и доколку се појави некаков проблем, веднаш треба да размислувате за некоја друга кардио дисциплина.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина