Проблемите со синусите се едни од најчестите тегоби во зимските месеци со која се среќаваат и возрасните и децата. Акутниот синузитис може да биде предизвикан од алергија, настинка, грип или бактериска инфекција на горните дишни патишта. Бактериите се најчеста причина за акутниот синузитис. Важно е навреме да се препознае болеста на синусите и да се започне лекувањето за да не дојде до влошување на состојбата и да не се прошири на белите дробови и бронхиите.

Симптомите на синузитисот

Типичните симптоми на синузитисот е затнат нос, зголемена секреција, чувство на притисок, болка во зафатениот синус и главоболка. Главоболката често се зголемува при нагли движења и промена на положбата на главата. Симптомите на болка зависат и од тоа кој синус е посилно погоден од воспалението. Така може да се појави болка во увото и на вратот, забоболка, губење на сетилото за мирис и солзење на очите. Воспалението на синусот може да биде проследен со висока температура и малаксаност. Во раната фаза симптомите тешко се разликуваат од симптомите на обичната настинка. Во зависност од затнатоста на синусот, не е ретко да се појави и гноен исцедок од носот.
Повеќето симптоми на синусната главоболка е слична со останатите видови главоболки. Но, она што ја разликува од обичната главоболка од синусната е инфекцијата. Синусната главоболка се јавува како реакција на воспаление на синусите, додека на пример мигрената е предизвикана од други причини. Затоа овие две главоболки треба да се разликуваат, бидејќи потребни им се различни третмани. Ако мигренската главоболка се третира како синусна, тогаш болката нема да исчезне додека не се утврди вистинската причина за неа. На пример, топлите облоги можат да ја влошат болката, па затоа многу е важно да се постави точна дијагноза.
Акутниот синузитис е воспаление во синусот кое трае 30 дена. Доколку не се излекува, долготрајната затнатост на носот доведува до формирање гноен исцедок кој се таложи во грлото и висока температура. За разлика од акутниот, хроничниот синузитис може да се јави како последица од чести повторени акутни воспаленија на синусите. Се јавува кај оние кои имаат разни причинители за ризик, како што се девијациите на носниот септум и некои хронични болести кои ја намалуваат отпорноста на организмот на инфекции.

 

sinusi2

 

Лекување на синузитисот

Лекувањето на акутниот синузитис започнува со употреба на капки или спрејови за нос, кои ја ублажуваат отеченоста на слузницата, чувството на затнатост и кои го олеснуваат дишењето. Антибиотици се користат кога постојат знаци за бактериско воспаление, како гнојна секреција или компликација.
При воспалението на синусите многу е важно да се одржува влажноста на воздухот во просториите во кои се престојува. Најдобар лек за воспалени синуси е инхалирањето на пареа.

Исхраната влијае врз закрепнувањето на синусите

За да го зачувате здравјето на синусите, треба да се преземат уште некои чекори, како што е здравата исхрана, употребувањето на воздухот во домот, да се одбегнуваат алергени и пушењето, да се пие топол чај пред спиење и често да се јаде пилешка супа. Топлата супа помага да се отворат синусите и побрзо да се закрепне од оваа болест. Балансираната исхрана која содржи свежо овошје и зеленчук, богато со витамини и минерали, посебно кое е богато со витамин Ц, може да помогне да се ублажат тегобите од синузитисот. 8 чаши вода дневно помагаат да се ослободите од воспалението и да го прочистите организмот, а инхалирањето помага да се разреди слузта и да помогне во истекувањето на слузта од синусот и од носната шуплина.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина