Восокот ги штити и влажни каналите во увото и содржи специјални хемикалии кои се борат против инфекции кои можат да ја оштетат кожата внатре во увото.

 

Восокот може да се разликува според боја, текстура и мирис. Одредете ја бојата и погледнете што може да значи:

 

Зелен восок: Нема потреба за загриженост, бидејќи оваа боја не е симптом за никакви заболувања. Ако живеете во град, каде воздухот е загаден и полн со смог, бојата на восокот знае да поприми зелена боја.

 

Крвава трага во восокот: Ако забележите траги од крв, можеби сте ја оштетиле мембраната на ушното тапанче, па во тој случај тоа е подложно на воспаленија поради кои може да настрада и слухот.

 

Кафеав восок: Се смета дека оваа боја на восокот упатува на тоа дека сте преживејале многу стресен период. Ако забележите кафеав восок, најдобро е да земете неколку дена боледување и да проверите дали бојата се променила.

 

Бел восок: Ова упатува на недостиг на витамини во телото, посебно железо и бакар. Се советува консумирање грашок и зобена каша, кои содржат големи количини од овие нутритиенти.

 

Восок со непријатна миризба: Големи се шансите дека се работи за инфекција на уво. Ако имате чувства и дека нешто ви ,,пука,, во увото, задолжително посетете доктор.

 

Воденест восок: Нормалниот восок е компактен, a ако во него забележите и течност, веројатно се работи за почеток на инфекција.

 

Црн восок: Нема причина за загриженост, но ако ве чеша увото и тоа без престан, посетете доктор, бидејќи може да се работи за габично заболување.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина