Теоријата зад оваа диета гласи дека луѓето имаат тенденција секој ден да внесуваат иста количина храна, не обѕирајќи се на калориите. A со оглед на тоа што одделни намирници, логично, имаат значајно помалку калории, оваа диета работи на тоа да не ја намали количината на внесена храна, туку само калориската вредност (да кажеме, половина килограм моркови има иста калориска вредност како и 50 грама кикиритки, со тоа што морковите дури и ќе не заситат).

Имајќи го ова на ум, Барбара Ролс ја напишала книгата “Volumetrics diet”, a овој начин на исхрана за многу брзо стана многу популарен. Нејзиниот режим подразбира исхрана базирана на намирници богати со вода, значи овошје и зеленчук сиромашни со скроб, житарки од цело зрно, немасно месо, риба, немасно млеко и ферментирани млечни производи.

Тоа практично значи дека се забранети намирници како што се масно месо, зеленчук како компир кој е полн со скроб, сирења, чипсови, масла, јаткасти плодови и слатки, но и кофеин и алкохол.

Она што е поинакво во оваа диета од останатите диети е тоа што заговара што пообилни оброци, бидејќи, како што вели Барбара, сите диети кои се темелат на рестрикција на количината на храна, успеваат.

Добро е тоа што овој режим е лесно изводлив, оти не бара посебни, егзотични и скапи намирници, ниту посебен режим на исхрана, во смисла за време на оброците или при нивната примена. Во најголем дел од случаите не морате да правите ниту големи измени – ако сакате палачинки, не морате да заборавите на нив – само исфрлете ги калоричните намази, а наместо бело брашно, користете го она од цело зрно. Или, наместо обичен компир, изберете батат.

Во суштина, со ваквиот режим на исхрана се губи околу еден килограм неделно, а уште подобро е тоа што може да ви стане начин на живот, а не само краткотрајна диета.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина