Кокосовото масло се има покажано како совршено оружје во борбата за здравјето. Со векови се користи во Индија, а од неодамна се почесто се спомнува како неизоставен производ во негата на целото тело. Тоа нуди мноштво здравствени предности кои поттекнуваат од масните киселини кои ги содржи во себе и нивните антимикробни, антиоксидативни, антибактериски и смирувачки својства. Се почесто е застапено и во исхраната на спортистите и оние кои имаат проблем со вишокот килограми. Основна причина за тоа е фактот што кокосовото масло е помалку калорично во однос на другите масла, брзо се претвора во енергија и не придонесува до таложење на мастите во крвните садови. Кокосовото масло исто така ја зголемува и издржливоста на организмот и на тој начин ги подобрува перформансите на спортистите. Поради сето ова заслужува да се кажат сите негови особини и лековити својства.

Во својот состав, кокосовото масло содржи 90% заситени масни киселини (повеќето од нив се триглицериди од средниот синџир), потоа има повеќекратни незаситени масни киселини (линолинска киселина), мононзаситени масни киселини (олеинска киселина), одредени деривати на масните киселини, масни алкохоли, полифеноли, кои се одговорни за мирисот и вкусот на кокосовото масло, витамини (Е, К) и минерали. На ниски температури може да се здрви, па поради тоа треба малку да се загрее пред употреба.

Како што веќе беше кажано, ова масло помага во лекувањето на многу болести и здравствени проблеми и има широка примена. Тоа е воедно и природно средство за спречување на нивната појава или за нивно лекување. Еве само неколку примери за тоа.

Најдобар согорувач на масти

Докажано е дека две лажици дневно ја намалуваат количината на масти кои се наоѓаат на полоивната и тоа најмногу за три месеци. Пробајте, резултатите се фантастични.

За лекување рани

Од дамнина кокосот се користи за лекување рани, бидејќи ја подобрува активноста на антиоксидансите и ја забрзува епитализацијата. Исто така, кокосовото масло е одлично за санирање рани добиени од изгореници.

Има својство на аналгетик

Слично како и при лекувањто на рани, кокосовото масло се применува и при воспсленија во организмот. Има својство на аналгетик и многу добро ублажува треска.

Крема за сончање

Со оглед на тоа што летото се уште нема заврешено, треба да го знаете ова. Ако не ви користи за ова лето, сигурно ќе биде добредојдено за следното. Кокосовото масло блокира 30% од ултравиолетовите зраци, така што може да се користи како крема за сончање.

Одлично против габични заболувања

Најлошиот вид на кандида, Candida albicans, се покажала најчувствителна во истражувањето спроведено во 2004 година, а кое вклучувало 52 видови на габички. Истражувачите дошле до заклучок дека кокосовото масло треба да се користи за лекување на габични заболувања.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина