Манука медот има извонредно делување врз цела низа болести и посебно е корисен кај ослабнат имунитет. По потекло е од Нов Зеланд и може слободно да се каже дека е најлековитиот мед во светот. Овој исклучително лековит нектар илјадници години им е познат на народите од Нов Зеланд, чии тоници и напитоци и денес се актуелни. Тоа е монофлорен мед кои пчелите го произведуваат од цветовите од дрвото манука.

На Нов Зеланд истражувачката група од Универзитетот Ваикато во 1981 година открила дека манука медот има стабилни, моќни и единствени антибактериски својства, кои не се присутни во ниту еден друг вид мед. Овој мед е познат токму по овие свои исклучителни својства кои, за разлика од другите видови мед, не се уништуваат со разводнување, изложување на сонце или на топлина. Тој се смета за ефикасен и во борбата против H. Pylori вирусот – причина за повеќе чиреви на желудникот, E. Coli, најчестата причина за инфицирани рани и Streptococcus pyogenes, која е причина за болно грло.

Британската здравствена установа лиценцирана во 2004 година ја потврдува неговата медицинска употреба во лекувањето на рани, потврдувајќи го она кое старите Новозеланѓани одамна го знаеле, дека мануката очигледно има чудесни својства. Истражувањето спроведено над 17.000 луѓе покажало дека тој е одличен во лекувањето на хроничен бронхитис, бронхијална астма, ринитис и синузитис. Покрај овие болести, тој делува и врз низа други болести и посебно е полезен при ослабнат имунитет. Помага и кај егзема, дерматитис, акни, габични инфекции, воспаленија, астма и алергии, каснувања од инсекти, осипи и чиреви, анемија и дигестивни болести. Многумина оваа хранлива намирница многумина ја користат и за нега на косата и кожата, бидејќи интензивно влажни, регенерира и ја прави видливо поздрава.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина